Црква „Св. Петка“ - Прдејци

Координати: 41°12′23.9″N 22°30′01.2″E / 41.206639° СГШ; 22.500333° ИГД / 41.206639; 22.500333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата заедно со селските гробишта

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Негорска
Местоположба

Карта

Координати 41°12′23.9″N 22°30′01.2″E / 41.206639° СГШ; 22.500333° ИГД / 41.206639; 22.500333
Место Прдејци
Општина Гевгелија
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба 1861
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Света Петка — главна селска црква во гевгелиското село Прдејци. Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1861 година, што е забележливо од натписот над влезната врата која се наоѓа на јужната страна на црквата, а нејзин градител бил познатиот неимар, резбар и зограф Андон Китанов.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е трикорабна, со дрвени тавани, при што средишниот кораб се извишува над двата странични кораба. Средишниот кораб е ишаран, во средината има квадратни полиња и на него е насликано македонското шеснаесеткрако сонце. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на шест столбови во два реда на северниот и јужниот дел од наосот.[1] Кон јужната и западната страна на црквата е доградена припрата, којашто во денешниот изглед на црквата е затворена.

Внатрешноста на црквата не е живописана. Иконостасот се состои од икони распоредени во три реда. Царските двери се работени во резба од копаничар од дружината на Андон Китанов. Дел од иконите се изработени во 1862 година од страна на зографот Константин, а дел за кој има запис на долниот дел на јужната врата од страна на зографот Димо од Папрадиште.[1]

Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е прилепена до северозападниот дел од црквата. Таа има четириаголна основа и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. Во горниот дел на секоја од нејзините четири страни има по една монофора.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]