Црква „Св. Архангел Михаил“ - Кракорница

Координати: 41°45′20.3″N 20°41′43.2″E / 41.755639° СГШ; 20.695333° ИГД / 41.755639; 20.695333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Мавровска
Местоположба

Карта

Координати 41°45′20.3″N 20°41′43.2″E / 41.755639° СГШ; 20.695333° ИГД / 41.755639; 20.695333
Место Кракорница
Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба XV век
Архитектонски опис

Свети Архангел Михаил — главна селска црква во горнореканското село Кракорница.[1] Црквата е гробјанска и е сместена во крајниот источен дел од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во XV век, а била обновена во 1998 година.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е со четириаголна основа. Градена е од тули, во целост е варосана и е покриена со лимен кров. На предната страна на црквата, покрај влезната врата, има уште три квадратни прозорци, при што на левиоет е виснато знамето на МПЦ-ОА, додека на десниот е виснато државното знаме на Македонија. Од двете страни на влезната врата има две мермерни плочи на кои се наведени имињата на добротворите кои помогнале во обновувањето на црквата во 1998 година. Над влезната врата има кружна фреска над којашто се насликани повеќе светци и архангели. Камбанаријата на црквата е во облик на лачна конструкција која се издига над средишниот дел од кровот на црквата, при што ѕвоното е сместено во просторот образуван со лакот.

Дворот на црквата е ограден со камена и бетонска ограда, а во него се сместени селските гробишта.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 54. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]