Црвеното класје (филм од 1970)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Црвеното класје“ (српски: Црвено класје) — југословенски филм од 1970 година, во режија на Живоин Павловиќ. Главните улоги ги толкуваат: Раде Шербеџија, Мајда Грбац и Мајда Потокар.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Еден поранешен партизан, а по војната младински активист, оди во едно село во Штаерска, со цел да го откупи житото од селаните и да ги убеди да влезат во задругата. На почетокот, тој се соочува со неколку привидни и вистински неуспеси, но најпосле, тој ја исполнува партиската задача. Во селото е формирана задруга, но не како резултат на убедувањето, туку со помош на закани и уцени. Растргнат од тоа сознание и несреќен поради неуспехот во љубовта, младинскиот активист убива недолжен човек.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]