Цвета Божова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цвета Божова
Родена 1873
Бомбишта, Костурско

Цвета Божова (1873-?), македонска револуционерка, членка на МРО. Родена е во селото Бомбишта, Костурско. Се школувала во Солунската женска гимназија, по што се запишала на Медицинскиот факултет во Софија. По професија била учителка. Учителствувала во Скопје и селото Крчово, Демирхисар, Серско, каде што се зачленила во ТМОРО. Од страна на Организацијата била назначена за благајник на Демирхисарскиот околиски комитет. Во 1907 година дејствувала со вооружена чета во Демирхисарско, Серско.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр 36