Христо Калајџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Калајџиев
Роден 28 август 1886
Ениџе Вардар, Османлиско Царство
Починал 26 април 1964
Софија, НР Бугарија

Христо Калајџиев бил раководен деец на македонското револуционерно движење и на БКП. Во 1919 година бил член на БКП задолжен да дејствува меѓу македонската прогресивна емиграција и македонското население во Пиринскиот дел на Македонија. Бил апсен, затворан, и интерниран во концентрациони логори. Постоењето на македонската нација го сметал за факт, а тоа се гледа и од Апелот до Македонците во Бугарија, чиј потписник е заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Петар Шанданов, Ангел Динев, Михаил Герџиков и др.[1]

Септември, 1944 година Апел до Македонците во Бугарија. Еден од потписниците е и Христо Калајџиев.

По Резолуцијата на Информбирото (1948) наполно се солидаризира со големодржавната политика на БКП.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Динев, Ангел (1983). Одбрани Дела во три книги - Втора книга. Скопје: Култура - Скопје. стр. 333–337.