Хортус

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хортус било македонско списание на Хортикултурното здружение на Македонија[1]. Обработувало стручно-научни теми од областа на секторите на украсните растенија, обликувањето и уредувањето на пејзажите, парковите и зелените простори. Излегувало од 1986 до 2001 година, период во кој се објавени 20 броја на списанието.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ХОРТИКУЛТУРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА - ХОЗДРУМ“. Хоздрум. Архивирано од изворникот на 2016-07-12. Посетено на 2010-04-22.