Хидромантија
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Хидромантија (од грчки hydro, што значи „вода“, и manteia, со значење „предвидување“) е метод на предвидување со помош на вода, при што се толкува начинот на кој се бранува откако во неа се фрлени камчиња.
Језуитот М.А.Дел Рио (1551–1608) опишал неколку методи на хидромантија. Првиот метод го опишува прстенот што се создава откако водата ќе се промеша. Предвидувањето се заснова врз основа на тоа колку пати прстенот ќе ги допре рабовите на садот.
Вториот метод е со фрлање на три камчиња во мирна вода и набљудувањето на круговите кои се формираат.
[уреди] Наводи
- Шепард, Лесли A. „Енциклопедија на окултизмот и парапсихологијата“. Gale Research, Inc.
