Херпес симплекс вирус

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хепрес симплекс вирусот припаѓа во групата на ДНК-вируси.

Herpes simplex вирус
TEM микрограф на herpes simplex вирус.
Класификација
Група: Група I (днДНК)
Ред: Herpesvirales
Семејство: Herpesviridae
Потсемејство: Alphaherpesvirinae
Род: Simplexvirus
Species
  • Herpes simplex virus 1 (HSV-1)
  • Herpes simplex virus 2 (HSV-2)

Herpes simplex вирус[уреди | уреди извор]

Хепрес симплекс вирусот припаѓа во групата на ДНК-вируси. Постојат два вида на херпес симплекс вируси:

  • Хепрес симплекс тип 1 кој предизвикува инфекции и на оралната слузокожа
  • Херпес симплекс тип 2 кој предизвикува инфекции на гениталните органи и на седелните предели.


Примарната инфекција кај човекот се јавува кога првпат се инфицира со херпес симплекс вирусот, најлесто во раната детска возраст. Се смета дека висрусот после примарната инфекција по нервен пат доаѓа до ганглионите во рбетниот мозок, каде што останува во латентна форма. Под дејство на провоцирачки фактори, како фебрилни состојби, повреди, UV-светлина, вирусот од ганглионите доаѓа до епителните клетки на кожата или слузокожата предизвикувајќи рецидивантни промени (меурчиња). Извор на инфекција е исклучиво болен човек. Херпес симплекс вирусот тип 1 навлегува во организмот преку ситнио лезии на кожата и слузокожата во форма на капкова инфекција или со директен допир (бакнеж). Херпес симплекс тип 2 вирусот се пренесува преку сексуален контакт

Примарна херпес симплекс инфекција[уреди | уреди извор]

Предизвикувач е херпес симплекс вирусот тип 1, кај доенчиња и мали деца и се одликува со везикуло-автонозни промени на оралната слузокожа, придружени со општи симптоми (висока температура, повраќање, проливи и грчеви). Промените обично се локализирани во предните партии на устата и јазикот.

Секундарна херпес симплекс инфекција[уреди | уреди извор]

Рецидиви обично се јавуваат во иста регија, но не секогаш на исто место. Провоцирачки фактори за секундарната инфекција се покачена температура, повреда, менструација, стрес, UV – зрачење, лекови и др.
Херпес симплекс се манифестира со појава на групирани меурчиња кои привремено настануваат на одредено место на телото. Најлесто е локализиран на усните, лицето, ушите и на половите органи. Често рецидивира.

Клиничка слика[уреди | уреди извор]

После инкубација период на 3 до 5 дена, во кој доминира чувство на јадеж, жарење, печење, напнатост, а понекогаш и болка, на црвена основа се појавуаат ситни групирани меурчиња исполнети со бистра течност. Поради секундарната инфекција, содржината се заматува. Меурчињата постепено се засушуваат или пак прскаат, настануваат красти кои по 7-10 дена опаѓаат не создавајќи белег. Најчесто се локализирани на усните, лицето, носот, ушите, половите органи и др. Често рецидивира.

Терапија[уреди | уреди извор]

  • ацикловир
  • антисептици
  • антибиотички масти

Херпес зостер (Herpes zoster)[уреди | уреди извор]

Херпес зостер претставува втора инфекција со Varicella-Zoster вирусот. Се појавува само на една страна на телоте и тоа на ограничен простор кој одговара на одреден нерв на кожата. Може да се јави на кој било дел од телото, но најчесто на градниот кош. Најтешки оштетувања може да предизвика ако е локализиран во пределот на окото.

Клиничка слика[уреди | уреди извор]

Заболувањето започнува со невралгични болки и непријатно чувство. Три до пет дена подоцна на тоа место се јавува црвенило, лесен оток, а неколку часа потоа се развиваат меѓусебно издвоени групи од меурчиња исполнети со бистра содржина. За неколку дена содржината се заматува, меурчињата прскаат и настануваат красти. По опаѓањето на крастите остануваат привремени кафеави дамки. Кај децата болката може да отсуствува, додека кај старите и истоштените лица болката може да биде многу јака и да трае со месеци и година по исчезнувањето на кожните промени. Херпес зостер остава траен имунитет.

Терапија[уреди | уреди извор]

  • витамини од групата
  • аналгетици
  • ацикловир
  • антибиотици
  • кортикостероиди
  • локално антисептични ладни облоги и течна пудра
  • при офталмичен зостер, покрај соодветна терапија, потребна е и редовна контрола кај офталмолог