Хатехија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хатехија (во превод: Преродба) била еврејска младинска организација формирана со обединувањето на постојните здруженија „Бенот Цион“, „Бене Цион“ и „Макаби“. Дејствувала во Битола од 1923 година. Таа била првата младинска организација од Македонија што се зачленил во Сојузот на еврејските младински здруженија. Претседател на Организацијата бил Леон Камхи.[1] Од повеќето секции во Организацијата најактивна била спортската. Во десетгодишната дејност биле организирани неколку фудбалски екипи што настапувале успешно: „ФК Макаби“, „ФК Синај“ и „ФК Есперанса“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mark Cohen, Last Century of a Sephardic Community. The Jews of Monastir 1839–1943, New York, 2003
  2. Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993