Хасехемви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хасехемви
Статуа на Хасехемви, Ashmolean Museum
Фараон на Египет
Владеел18 години, околу 2690 г. п.н.е., Втора династија
ПретходникСехемиб-Перенмаат или Сет-Перибсен
НаследникЏосер (најверојатно) или Санахте
СопружнициНимаетап?
ДецаЏосер
Хетепхернебти
можеби Санахте
Починал2686 г. п.н.е.
ЗакопанГроб V во Ум ел Кааб
СпоменициШунет ез Зебиб, тврдина во Нехен,[2] Гиср ел-Мудир ?

Хасехемви (околу 2690 г. п.н.е., Ḫꜥj-sḫm.wj , исто така и Ха-сехемви) бил последниот крал на Втората династија на Египет. Малку е познато за него, освен дека водел неколку значајни воени походи и ја изградил тврдината позната како Шунет Ел Зебиб.

Неговото Хорово име Ḫꜥj-sḫm.wj може да се толкува „Две моќни сили се појавија“,[3] но името е запишано во многу варијанти, како што е Hr-Ḫꜥj-sḫm „Хор, оној чија моќ се појавува", ḫꜥj sḫm.wj ḫtp nṯrwj jm = f „две сили се појавуваат така што предците се одмараат во него“ (итн.)[4]

Владеење[уреди | уреди извор]

Хасехемви владеел речиси 18 години, во почетокот на 27 век п.н.е. Точниот датум на неговото владеење во египетската хронологија е нејасен, но е приближно помеѓу 2690 – 2670 г. п.н.е.

Според проучувањето на Тоби Вилкинсон на Кралските анали од древен Египет од Каменот од Палермо, Хасехемви владеел 17,5 или речиси 18 години.

Животопис[уреди | уреди извор]

Хасехемви бил наследник на Сет-Перибсен, иако некои египтолози веруваат дека друг фараон, Касехем, владеел меѓу нив. Меѓутоа, повеќето научници веруваат дека Касехем и Хасехемви се всушност иста личност.[5] Касехем можел да го смени своето име во Хасехемви откако тој го споил Горниот и Долниот Египет по граѓанска војна меѓу следбениците на боговите Хор и Сет. Други веруваат дека тој го поразил владеачкиот крал, Сет-Перибсен, откако се вратил во Египет по угушувањето на бунтот во Нубија.

Хасехемви е уникатен во египетската историја бидејќи ги има двата симболи на Хор и на Сет на неговиот серех. Некои египтолози сметаат дека ова е обид да се обединат двете фракции; но по неговата смрт, Сет бил постојано отфрлен од серехот. Тој бил најстариот египетски крал за кој се знае дека изградил статуи за себе.

Хасехемви изградил тврдина во Нехен, и во Абидос (сега позната како Шунет ез Зебиб) и бил погребан таму во некрополата во Ум ел-Кааб. Тој, исто така, можеби го изгради Гиср ел-Мудир во Сакара.

Семејство[уреди | уреди извор]

Жената на Хасехемви била кралицата Нимаатап, мајка на децата на кралот. Тие биле родители на Џосер и на сопругата на Џозер, Хетепхернебти.[6] Исто така е можно дека син на Хасехемви бил Санахте.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alan H. Gardiner: Кралски канон од Торино.
  2. Khasekhemwy's fort Архивирано на 3 септември 2012 г.
  3. Питер Клејтон, Хроника на фараоните, Темза и Хадсон ООД, 2006 мат., Стр. 26
  4. Јирген фон Беккерат, Handbuch der ägyptischen Königsnamen (1999).
  5. King Khasekhem [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}.
  6. Предлошка:Dodson, p. 48