Хаптоглобин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Модел на α,β-хемоглобин/хаптоглобин хексамер комплекс

Хаптоглобин е белковина која во крвната плазма го врзува слободниот хемоглобин кој се ослободува од еритроцитите. Потоа, комплексот хаптоглобин-хемоглобин се отстранува од страна на ретикулоендотелниот систем (најмногу од слезината).

Хаптоглобинот се создава најмногу во хепатоцитите, но исто така и во кожата, белите дробови и бубрезите.