ХК Шелефтео

Од Википедија — слободната енциклопедија

ХК Шелефтео е професинален тим во хокеј на мраз од градот Шелефтео, Шведска. Моментално се натпреварува во најсилната и најелитната хокеарска лига за хокеј на мраз во Шведска.

Клубот е формиран во 1976 година и во неговата историја има освоено вкупно три национални првенства на својата држава и тоа во сезоните: 1977/78, 2012/13 и 2013/2014.

Домашните натпревари хокеарскиот клуб Шелефтео ги игра во арената „Шелефтео арена“ со капацитет од 6.000 места за седење за хокеарски натпревари.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако клубот е основан во 1921 година[1], со хокеј на мраз започнал да се занимава во 1943 година натпреварувајќи се во локалната општинска лига. Таа сезона натпреварите не се доиграле бидејќи имало недостаток на природен мраз. За прв пат тимот успеал да се квалификува во најсилната лига во 1955 година. Веќе во наредната сезона Шелефтео го освоил второто место во лигата веднаш зад клубот на Ѓургарден.

По 1975 година кога националната лига претрпува измени, тимот на Шелефтео бил еден од десетте кој бил и основач на новата лига. Во сезоната 1977/78 клубот за прв пат ја освојува шампионската титула на Шведска. Во сезоната 1980/81 екипата завршува како прва во лигашкиот дел, но не успева да ја одбрани тутулата од сезоната 1977/78.

Во сезоната 1989/90 година тимот по лошите резултати ја напушта елитата и во наредните 16 сезони игра во втората лига. Повторно се враќа во првата лига во сезоната 2006/07. Наредната сезона клубот во еден момент бил на првото место на националната табела, но сепак на крајот од лигашкиот дел завршил како осмопласирана екипа и сепак успева да игра во доигрувањето (плеј оф). Играњето во доигрувањето бил прв настап по далечната 1981 година. Натпреварите во таа сезона ги завршува во четврт финалето губејќи од подоцнежниот првак ХВ71.

Во наредните сезони тимот бил редовен учесник во завршниците (плеј оф) и стигнувал до финалето каде натпреварите ги губи од Ферјестад во 2011та и од Бринес во 2012та година.

Во сезоната 2012/13 година тимот на Шелефтео ја освојува титулата играјќи во финалето против тимот на Лулео. Таа сезона клубот плеј офот го завршува со големи и убедливи 12:1. Преку 10.000 навивачи ја прославуваат шампионската титула на плоштадот во Шелефтео.

На сличен начин тимот ја завршил и следната сезона 2013/14 кога лигашкиот дел го завршил како првопласирана екипа, а во завршницата ги победува клубовите на ХВ71 во четврт финалето (4:1), Линчепинг во полуфиналето (4:0) и Ферјестад во финалето со резултат од 4:0 во победи, или севкупен резултат со трите противници од 12:1. Во финалните 4 натпревари еден од нив завршил со резултат од 8:1 што претставува рекорд на еден натпревар во финална серија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ivar Söderlind (2008). „Friidrott“ (PDF) (Swedish). Västerbottens Friidrottsförbund. Посетено на 14 February 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]