Фотобанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Фотобанка[уреди]

Фотобанка е залиха на фотографии лиценцирани за специфични намени. Се користи за исполнување на потребите на креативните задачи како замена за ангажирање на фотограф. Денес, складираните фотографии може да бидат презентирани на пребарливите Интернет датотеки. Може да се купат и испорачаат преку Интернет. Честопати, се направени во студија со употреба на широк спектар на модели кои позираат како професионалци, стереотипови, изразувајќи стереотипни емоции и гестикулации или вклучуваат миленичиња.

Индустриска структура[уреди]

Во однос на приходите, Гети Имиџес (Getty Images), Корбис (Corbis) и Сипа Прес (Sipa Press) се трите најголеми традиционални агенции за складирани фотографии. Тие во најголема мера нудат фотографии кои биле направени од професионални фотографи. Постојат многу алтернативни фото-агенции кои се специјализирани за одредено поле на фотографии, како што е Фото Ресрчерс (Photo Researchers). Складираните фотографии се исто така достапни и на службите за микрофотобанки, преку кои фотографиите се продаваат за многу поевтина цена и на големо.

Сликите се поднесуваат во агенцијата која преговара за лиценцирање на хонорари во име на фотографот во замена за процент од продажбата, или во некои случаи ги поседува авторските права над фотографијата. Одредувањето на цената се прави според бројот на публиката и читателите, на колкав период ќе се користи фотографијата, државата или регионот каде што ќе се користи фотографијата и дали приходите од авторските права одат во рацете на креаторот на сликата или на нејзиниот сопственик. Честопати, дозволата за една слика може да чини помалку од 200 долари, или кога се работи за фотографија од веб-страниците на микрофотобанките , дозволата може да чини само 1 долар за фотографија слаба резолуција.

Со Правата за Одржување на фотобанките се прави одделно индивидуален договор за лиценцирање. Складираните фотографии кои се наплаќаат му овозможуваат на купувачот да ја користи сликата во неограничен број за еднократен надомест за дозвола. Сепак, клиентот може да побара „ексклузивни“ права, спречувајќи ги другите купувачи да ја користат истата слика на одредено време или во истата индустрија. Ваквите продажби може да чинат илјадници долари од две причини, поради тоа што тие имаат тенденција да бидат многу изложени и поради тоа што агенцијата ризикува дека сликата би и донела повеќе пари доколку остане во промет. Сепак, со дозволата врз фотографиите кои се наплаќаат не постои опција за добивање на ексклузивни авторски права. Некои интернет сајтови нудат бесплатни фотогарфии со ниска резолуција за целите на подготвување на детални планови за реклами со кои го прикажуваат дизајнот. Доколку оној кој рекламира ја прифати сликата, тогаш може да се преговара за правата за користење на фотографијата со висока резолуција или да се купи директно од веб-страницата. Професионалните фотографи на складирани фотографии ги пласираат своите слики со една или повеќе агенции за складирани фотографии врз основа на договор, со дефинирано основно овластување и за одреден временски период на траење на договорот. Некои фотографи финансираат сопствени фотосесии, или ги развиваат сликите во соработка со некоја агенција, додека други предлагаат фотографии произведени како дел од некоја статија (во магазин) или комерцијални задачи.

Преглед[уреди]

Примерок на фотографија од фото-банка.

Фотографии со наплаќање на хонорар[уреди]

Ова значи дека се наплаќа секое користење на фотогарфијата. Тоа не значи дека сликата може слободно да се користи без купување на дозвола или дека сликата е од јавен домен.

  • Плаќање на еднократен надомест за повеќекратно користење на фотографијата и за повеќекратни намени (со ограничувања).
  • Без временско ограничување за тоа кога може купувачот да ја користи фотографијата.
  • Никој не може да има ексклузивни права врз Фотографија со наплаќање на хонорар (фотографот може да ја продаде фотографијата колку пати сака)
  • Фотографијата со наплаќање на хонорар обично има ограничување колку пати купувачот може да ја размножи. На пример, дозволата може да му дозволува на купувачот да направи 500 000 брошури со купената фотографија. Купувачот е должен да плати надомест за секоја брошура, обично од 1 до 3 центи за секој дополнителен отпечаток. Магазините со голем број на еднократно издадени примероци користат стадардна дозвола за фотографии со наплаќање на хонорар и затоа тие или купуваат слики со договор за права на одржување или имаат вработено сопствени фотографи.

Фотографии со авторски права[уреди]

(се нарекуваат уште и „фотографии со дозвола“)

  • Цената на дозволата е одредена од употребата на фотографијата, која е генерално разложена подолу;
    • Употреба: (пр. Рекламни –„Над Линијата“, Корпоративни – „Под Линијата“ или Редакциски – „Телевизиски Вести“)
    • Специфична употреба: (пр. Билборд, Годишен Извештај, напис во весник)
    • Траење: (пр. 1 месец, 2месеци, 1 година, 2години итн.)
    • Број на примероци во издание: (пр. до 10 000, до 1 милион)
    • Територија: (пр. САД, Европа, Велика Британија, Германија, или било која територија која е барана)
**Големина: (која големина е сликата која се користи – ¼ страница, 1/2 страница, цела страница, или распостранета на две страници) 
**Индустрија: (Индустриски тип – пр. Електроника, Поморски Инженеринг, Финансиски Служби и сл.)
**Ексклузивитет: ( Ексклузивна, или Неексклузивна)
  • Условите од договорот се јасно дефинирани и договорени, така што купувачот добива максимална вредност, и е заштитен при купувањето со одреден степен на ексклузивност.
  • Договорите за авторски права обезбедуваат сигурност дека сликата нема да ја користи некој друг. Договорот може да вклучува ексклузивност, што обично значи дека се зголемува вредноста на сликата. Не се сите Договори за авторски права ексклузивни. Тоа треба да биде утврдено во самиот договор.
  • Фотографиите со авторски права вообичаено дозволуваат многу поголем број на примероци од една слика отколку фотографиите со наплаќање на хонорар.
  • Едиторијал е форма на договор за авторски права во кои не постојат изданија на одредени теми. Бидејќи не постојат изданија, сликите не може да се користат во реклами или за прикажување контроверзни теми, може да се користат само во вести или за образовни цели.

Карактеристики[уреди]

Важна карактеристика на интернет колекциите на складирани фотографии е дека што тие имаат вградено метаподатоци, и на тој начин е лесно пребарувањето на слики со користење на клучни зборови.

Историја[уреди]

Во средината на 1880тите со откривањето на полутонското печатење, весниците и магазините за прв пат можеа да умножуваат фотографии наместо цртежи со линии. Почнувајќи првично со кадровските фотографи, за на крајот да преземат независните фотографи. Една од првите поголеми агенции за складирани фотографии е формирана во 1920 од Х. Амстронг Робертс, која постои и денес под името Роберт Сток. Многу години, складираните фотографии во глобала се состоеа од остатоци од комерцијалните задачи на магазините. До 1980-тите години, стана специјална гранка со сопствени права, со тоа што фотографите произведуваа нов материјал со единствена цел за доставување во складиштата. Агенциите се стремеа да станат по посветени на следењето и предвидувањето на потребите на рекламните агенти и да им ги пренесат овие потреби на фотографите. Фотографиите беа создавани повеќе од око за тоа како би можеле да изгледаат кога би се комбинирале со други елементи; на пример , фотографијата може да е направена вертикално со празен простор на врвот и долу на левата страна, со свесна намера дека може да добие договор за употреба како насловна страна. Во 1990тите, следеше период на консолидација. Како резултат на познанствата, Гети Имиџес и Корбис станаа двете најголеми компании.

Денес, многи од компаниите – фотобанки работат преку интернет мрежата. Во раните 2000ти години, Корпорацијата Јупитермедија (Jupitermedia Corporation )започна да откупува некои од помалите компани кои се занимаваа со овој бизнис, собирајќи ги под закрила на нивната Јупитеримигес поделба, со што стана трета по големина фотобанка. Достапноста на Интернет обезбедува средства за други, помали компании да се вклучат во оваа индустрија. Користејќи го Интернетот како нивен единствен метод на дистрибуција, и регрутирањето на главно аматерски фотографии од целиот свет, овие компании можат да понудат фотобанки со добар квалитет за многу ниска цена.

Во 2000та, ајстокфото (istockphoto), се појави микросток (microstock) веб-страница за размена на фотографии, која подоцна имаше влијание врз целата индустрија на фотобанки преку снижување на цените на фотографиите со наплаќање хонорар до само 1 долар од слика. Ова настана како последица на неодамнешната достапност на дигиталните камери со висока резолуција на масовниот пазар и можноста за аматерските фотографи да ги прикачат и објават нивните слики на веб-страница. Во 2003, ШутерПоинт, подоцна Дримстајм (Dreamstime), Шутерсток (Shutterstock) и Фотолиа (Fotolia) ги еволуираа постоечките модели на споделување на фотографии и станаа афирмирани „играчи“. Трендот го продолжи фотоЛибра (fotoLibra) во 2004 и во 2005 Скопт основа агенција за вести преку слика за граѓанско новинарство овозможувајќи им на граѓаните да прикачуваат и продаваат фотографии од ударни вести направени со камера од мобилен телефон. Во 2007 Гети Имиџес ја откупи Скопт, со што ја затвори во 2009. Во 2008, Каткастер создаде пазар на резервни фотографии каде што купувачите можеа да купат слики по цена утврдена од страна на фотографот или да дадат нивна цена со поднесување на понуда, која што фотографот може да ја прифати, одбие или да му предложи нова цена на купувачот. Во 2009 беше предложен нов метод на плаќање (преку СМС порака) новонастанатата компанија, Депозитфотос.

==Погледни==

Шаблон:Photography subject