Фишеров индекс

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фишеровиот индекс е групен индекс . Овој индекс бил претставен од професорот Ирвинг Фишер пред Американската статистичка асоцијација во 1920 година. Тој претставува геометриска средина на два групни индекси: едниот со пондерациони фактори од базичниот и другиот со пондерациони фактори од тековниот период.[1] Со други зборови, тој претставува комбинација на Ласперовиот индекс (кој ги користи цените од базниот период) и Пашеовиот индекс (кој ги користи цените од тековниот период).[2]. Овој индекс уште се нарекува идеален индекс, бидејќи во најголема мерка ги задоволува теоретските и математичките тестови, но неговото пресметување е мошне комплицирано и поради тоа во практиката не се применува често.[3]

Формулата за пресметување на индексот на цени[уреди | уреди извор]

Фишеровата формула се користи кога цените и количините во два периода разликуваат меѓу себе. Таа е составена од симболите P (цена) и Q (количина), па според тоа Po и Qo претставуваат цената и количината во базниот период, а P1 и Q1 претставуваат цената и количината во тековниот период.[2]

Пример[уреди | уреди извор]

Во табелата се дадени производите леб, млеко и путер, нивните цени и продадените количини во 2010 и 2012 година. Користејќи ја 2010 како базна година,а 2012 како тековна да се пресмета Фишеровиот индекс.

image173.jpg
image173.jpg


Производ цена-Po (2010) количина-Qо (2010) цена-P1 (2012) количина-Q1 (2012) QoPo QoP1 Q1Po Q1P1
Леб 25 140 30 142 3500 4200 3550 4260
Млеко 40 128 50 119 5120 6400 4760 5950
Путер 95 34 100 32 3230 3400 3040 3200
Вкупно 11850 14000 11350 13410

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Статистика за бизнис и економија - Славе Ристески, Драган Тевдоски 2010
  2. 2,0 2,1 The Review of Economics and Statistics - MIT Press
  3. Статистика за бизнис и економија - Славе Ристески 2003