Фејнсхилдери

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Герард Дау: „Жената со водна болест“ (1663)
Герард Дау: „Холандската домаќинка“ (1650)

Фејнсхилдерите (хол. Fijnschilders = „префинети сликари“), наречени и Лајденски фејнсхилдери (Leidse Fijnschilders), биле сликари од Холандското Златно доба кои твореле во периодот од од 1630 до 1710 г., стремејќи се што поприродно да ја доловат стварноста околу нив, со нивниот префинет прецизен живопис на мали платна.

Во XVII век, како и во современиот холандски јазик, поимот „фејнсхилдер“ се употребувал за сликар кој применува класични техники, напроти, да речеме, куќен сликар. Меѓутоа во XIX век овој збор станал поим за сликарите како Герард Дау (Герит Дау) и неговите следбеници во Лајден. Најистакнатите барокни сликари во Холандија како Дау, Франс ван Мирис Постариот и Адријан ван дер Верф се одликувале со „префинет“ стил, извонредни техники, и крајно внимателно запазување на деталите, давајќи им на сликите сосем мазни површини без никакви видливи потези од четка. Овој начин на употреба на бојата во голема мера се разликува од стилот на останатите холандски сликари како Франс Халс, но и од самиот Дауов учител, Рембрант ван Рејн. Фејнсхилдерите биле поблиски до стилот на нивните ранофламански претходници како Јан ван Ејк со своите богати детални. Други уметници кои го практикувале овој стил биле Годфрид Схалкен, Квирејн ван Брекеленкам и понекогаш Габриел Мецу.

Фејнсихлерите највеќе се истакнале во полето на битовите сцени на кои се прикажувани секојдневни активности, вечерни сцени на свеќи, како и општички мамки во ниша.

Галерија[уреди]