Фаетуса

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фаетуса (грчки: Φαέθουσα) во старогрчката митологија била ќерка на богот Хелиј и нереидата Неера, сестрата на Лампетија.

Митологија[уреди | уреди извор]

Опишана е како ќерка на богот Хелиј, со убава коса.

Други ликови[уреди | уреди извор]

Исто така била една од Хелијадите, била ќерка или сестра на Фаетон, која со сестрите толку тагувала за својот брат, што Зевс од сожалување ги претворил во тополи, а нивните солзи во килибар. И во овој случај Лампетија е нејзина сестра и тие две честопати се прикаживани заедно.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. -{theoi.com: LAMPETIA, PHAETHOUSA}-, Посетено на 27. 4. 2013.
  2. „Greek Myth Index: Phaethusa“. Архивирано од изворникот на 2010-10-07. Посетено на 2018-11-17.