Универзитет „Ка Фоскари“ - Венеција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Влез во главното седиште на универзитетот.
На фотографијата се гледаат лево Палатата Јустинијан, а десно Палатата Ка Фоскари, и двете во Венеција.

Универзитетот „Ка Фоскари“ (италијански: Università "Ca' Foscari") во Венеција е познат како еден од најпрестижните универзитети во Италија. Своето име го добил по седиштето во кое е сместен, палатата наречена Ка Фоскари, сместена во венецијанскиот кварт Дорсодуро.

Историја и основање[уреди]

Универзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција бил основан на 6 август 1868 година како Виша школа по трговија и истиот бил првата институција во Италија која се занимавала со вишо образование на полето на трговијата и економијата. Оттогаш неговото седиште останало во старата палата која гледа на венецијанските канали. Идејата за создавање на таков вид училиште се родила од присоединувањето на регионот Венето кон Кралството Италија во 1866 год. и особено била промовирана од страна на Луиџи Луцати. Школата била првиот институт од тој тип чија примарна цел било образованието на деловните луѓе како и образованието на наставници по економски предмети за средните училишта.

Ка Фоскари денес е модерен универзитет кој располага со широка лепеза на образовни активности поделени на 4 големи научно - културни области: економска, лингвистичка, природноматематичка и хуманистичка.

Организација[уреди]

Универзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција е поделен на следниве четири факултети:

  • Факултет по Економија
  • Факултет по Странски јазици и литература
  • Факултет по Хуманистички науки и Филозофија
  • Природноматематички факултет

Занимливости[уреди]

  • Ка Фоскари е еден од првите италијански универзитети кој во 2007 год. создаде свое веб-радио, односно радио „создадено од студенти за студентите“.

Надворешни врски[уреди]

Внатрешни врски[уреди]