Триаголник на тагата

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Триаголник на тагата“ (англиски: Triangle of Sadness) — филм на режисерот Рубен Естлунд (кој е автор и на сценариото) од 2022 година. Главните улоги ги играат: Харис Дикинсон, Чарлби Дин, Доли де Леон, Златко Буриќ, Вики Берлин и Вуди Харелсон.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Карл и Јаја[уреди | уреди извор]

Карл е манекен кој е во љубовна врска со манекенката Јаја, која е поуспешна од него. За време на вечерата во еден ресторан, тие се расправаат зашто Карл очекува дека Јаја ќе ја плати сметката, додека таа го очекува спротивното. Подоцна, во хотелската соба, таа му признава дека сака да се омажи за богат човек, а тој ветува дека ќе ја освои нејзината љубов.

Јахтата[уреди | уреди извор]

Карл (го игра Дикинскон) и Јаја (ја игра Дин) се наоѓаат на крстосување на луксузна јахта, а гости на јахтата се и рускиот стопанственик Дмитри (го игра Буриќ) со сопругата, Германката Тереза која може да изговори само еден збор и други богати гости. Капетанот на бродот (го игра Харелсон) го минува времето затворен во својата кабина, потполно пијан. За време на свечената вечера, настапува силно невреме поради кое повеќето гости имаат нагон за повраќање. За тоа време, капетанот и Дмитри расправаат за комунизмот и капитализмот, а нивниот разговор го слушаат гостите преку разгласот. Изутрината, група пирати го напаѓаат бродот, кој е уништен од силна експлозија.

Островот[уреди | уреди извор]

Неколкумина од гостите, меѓу кои се: Дмитри, Јаја, Карл и Тереза, успеваат да се спасат. Тие се наоѓаат на непознат остров, а набргу им се придружува чистачката Абигејл (ја игра де Леон), а таа е единствената која поседува вештини потребни за преживување. Таа ја злоупотребува својата положба и започнува да им наредува на останатите, кои мора да ја слушаат ако сакаат да добијат храна. Исто така, таа започнува љубовна врска со Карл. Еден ден, Јаја одлучува да го разгледа островот, а нејзе ѝ се придружува Абигејл. Најпосле, тие доаѓаат до уредена плажа и додека Јаја се радува поради сознанието дека се спасени, Абигејл зема голем камен со намера да ја убие. Во меѓувреме, Карл трча панично низ шумата, барајќи ја Јаја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IMDb, Triangle of Sadness (пристапено на 24.4.2023)