Трговиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трговиште во Бразил
Зелено покриено пазариште
Зелен пазар на отворено

Трговиште, пазариште или пазар — посебно одвоен и уреден простор наменет за трговија со прехранбени (овошје, зеленчук и риба) и непрехранбени производи.

Име[уреди | уреди извор]

Трговиште доаѓа од македонскиот збор „тргува“, а пазариште и пазар се турцизми.

Општо[уреди | уреди извор]

Трговиштето може да биде покриен или отворен простор со тезги на кои се изложуваат стоки за продажба. Во зависност од видот на продадената стока, тезгите се опремени со вага, каси и означени цени на производите.

На пазарите, за разлика од другите продавници и трговски куќи, дозволено е пазарење меѓу купувачот и продавачот за што поповолна цена.

Видови тржишта[уреди | уреди извор]

Зелен пазар[уреди | уреди извор]

Зелениот пазар главно е наменет за трговија со зеленчук и овошје, млечни производи, месо, месни производи, јајца, лековити билки и други прехранбени производи за кои продавачот има дозвола за трговија.

Рибен пазар[уреди | уреди извор]

Рибарницата е наменета за трговија со риби, школки и други морски и слатководни организми.

Болвак[уреди | уреди извор]

Болвак е пазар наменет за продажба на сè и сешто. На бит-пазарите можете да најдете половни стоки како автоделови, користена облека и чевли, техничка стока и други.

Болваците нудат и нови стоки, како облека и обувки, техничка стока, но и домашни миленици, музички ЦД-а и сè останато. Многу често на болвините пазари може да се најде стока која не треба да се пушта во промет, бидејќи се работи за фалсификувана стока со лажни етикети на познати брендови.

Поврзано[уреди | уреди извор]