Трајко Белински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трајко Белински
Роден 1914 година
Кучевиште, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал јуни, 1944 година
Црна Трава, Србија

Трајко Ангелков Белински ( 1914 во Кучевиште, Скопско1944 во Црна Трава, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште. Располагал со малку земја, па поради тоа чувал и добиток. Бил мобилизиран во бугарската фашистичка војска, но при првата можност што му се укажала, избегал ѝ им се приклучил на партизаните. Во февруари 1944 година стапил во Козјачкиот партизански одред. Учествувал во борбите против бугарските фашистички окупаторски единици. Во јуни 1944 година заедно со неколкумина партизани бил заробен од бугарската фашистичка војска. Сите заробени партизани, без да им се организира судски процес биле осудени на смрт. Неговиот партизански соборец Тодор Нешков бил жив запален, додека Трајко бил стрелан. Бил закопан на местото каде што бил стрелан.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 32. На |first= му недостасува |last= (help)