Тора! Тора! Тора!

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Тора! Тора! Тора!“ — американско-јапонски филм од 1970 година. Режисери на филмот се Ричард Флајшер (Richard Fleischer), Тошио Масуда и Кинџи Фукасаки, а автори на сценариото се Лари Форестер (Larry Forrester), Хидео Огуни и Рјузо Кикушима. Главните улоги ги играат: Мартин Балсам (Martin Balsam), Џозеф Котен (Joseph Cotten), Со Јамамура, Е. Г. Маршал (E.G. Marshall), Џејмс Витмор (James Whitmore), Тацуја Михаши, Такахиро Тамура, Весли Ади (Wesley Addy) и Џејсон Робардс (Jason Robards). Во 1971 година, филмот ја освоил наградата „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажуваат настаните во текот на неколку дена пред јапонскиот напад на Перл Харбур. Во тоа време доаѓа до заострување на американско-јапонските односи поради американското ембарго за извоз на суровини во Јапонија. Поради тоа, заповедникот на јапонските воздухопловни сили, Минору Генада, решава да изведе превентивен напад на САД. Иако американската контраразузнавачка служба ја пресретнува јапонската комуникација, САД не преземаат ништо, убедени дека јапонската армија нема да се осмели да изведе таков напад.

Наводи[уреди | уреди извор]