Тодор Јованов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Јованов
Роден 1948
Скопје
Починал 22 август 2011
Скопје, Македонија Македонија
Занимање композитор и кореограф

Тодор Јованов (Скопје, 1948 - Скопје, 22 август 2011) — македонски композитор на народни песни и кореограф на ора, татко на пејачот и композитор Јован Јованов.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јованов е роден во Скопје во 1948 година. Неговата музичка кариера била богата со хитови од новокомпонираната македонска музика, „Горда Македонка“, „Песна семакедонска“, „Минаа денови“, „Мнгупи“, „Александар Македонски“, „Зошто, мили Боже“, „Снежо, Снежана“. Освен овие песни, Јованов се истакнал и како кореограф на: „Илинденско востание“, „Истерување на чумата“, „Тутуноберачите“, „Сред село“, „Билјана платно белеше“ и многу други. Јованов соработувал со сите македонски пејачи на народна музика и бил и основач на некогашната популарна фолк група „Јаца и Јатаган“. Починал на 22 август 2011 во Скопје, додека почива во Нерези.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почина Тодор Јованов“. Backstage. 23 август 2011 13:30. Архивирано од изворникот на 2011-12-06. Посетено на 2011-12-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)