Тахиќанки на плажа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тахиќанки на плажа
Творец Пол Гоген
Година 1891
Димензии 69 см × 91 см
Место Музеј Орсе, Париз

Тахиќанки на плажа (француски: Femmes de Tahiti) ― слика од 1891 од Пол Гоген. Сликата прикажува две жени од тихоокеанскиот остров Тахити на плажа.

Сликата моментално е во збирката на Музејот Орсе, во Париз, Франција.

Во 1892 Гоген насликал слична слика „Парау апи“, („Две тахиќанки“) која е во збирката на Галеријата на новите господари во Дрезден. На тахиќански, парау значи збор а апи значи нов. Оттука парау апи значи новости. Обично се поздравуваат со „еаха те парау апи“, или „што има ново“?

Парау апи“, (Две Тахиќанки) 1892, масло на платно, 67 x 91 см, Галерија на новите господари.