Сузана Тодоровска - Павлоска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сузана Тодоровска - Павлоска
Родена 30 март 1965
Скопје, НР Македонија СР Македонија
Починала 7 јули 2015
Скопје, Македонија Македонија
Занимање новинар

Сузана Тодоровска - Павлоска (Скопје, 30 март 1965 - 7 јули 2015, Скопје) — македонска новинарка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тодоровска Павловска е родена на 30 март 1965 година во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет, Институт за психологија, а од 1991 година редовно била вработена во вториот програмски сервис на Македонското Радио. Во 1998 година доаѓа на местото уредник во редакција. Десет години подоцна е назначена за главен и одговорен уредник за вториот програмски сервис – Радио 2, функција која успешно ја извршуваше во следните три години. Во центарот на нејзиниот богат новинарски опус беа културните настани, а главен интерес и беа филмската уметност и подвижните слики на кои им го посвети најголемиот дел од својата кариера. Била соработник и на Deutsche Welle.[1] Нејзин сопруг бил Зоран Павлоски, контрабасист. Починала во Скопје на 7 јули 2015 година во сообраќајна несреќа.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]