Судир на цивилизациите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Корица на англиското издание: Судирот на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок

Судирот на цивилизациите (англиски: The Clash of Civilizations) е теза, предложена од американскиот политички научник Семјуел Хантингтон, кој истакнува дека културните и религиозни идентитети на луѓето ќе бидат примарен извор на конфликт во светот по завршувањето на Студената војна.

Оваа теорија првично била формулирана во 1992 година како предавање [1] на Американскиот претприемачки институт, а била развиена како есеј под наслов "The Clash of Civilizations?" [2] објавен во списанието Foreign Affairs, како одговор на Френсис Фукујама и неговата теза за Крајот на историјата. Хантингтон подоцна својата теза ја доработил во својата книга од 1996 година под наслов: Судирот на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок (The Clash of Civilizations and the Remaking of World Order).

Терминот прв пат бил употребен од страна на Бернард Луис во една статија од септември 1990 година: "Корените на муслиманскиот бес" [3].

Човековата историја е историја на цивилизациите. Невозможно е да се размислува за развојот на човештвото во некои други рамки. Приказната се протега низ генерации цивилизации, од древаната сумерска и египетска, преку класичната и мезоамериканската, до христијанската и исламската, како и преку сукцесивните манифестации на синичката (сите етнички кинески заедници во регионот на Јужна и Југоисточна Азија б.н) и индуистичката цивилизација. Низ историјата, цивилизациите претставувале најширока категорија со која се идентификувале луѓето. Токму затоа, познатите историчари, социолози и антрополози темелно ги истражувале нивните причини, појава, раст, интеракција, достигнувања, слабеењето и падот. И цивилизацијата и културата се однесуваат на начинот на живеење на еден народ, а цивилизацијата е култура на повисоко ниво. И двете ги опфаќаат вредностите, нормите, институциите и оние форми на мислење за кои повеќе генерации едноподруго во едно дадено општетсво сметаат дека се од примарна важност... Цивилизацијата е најширок културен ентитет... Цивилизацијата е највисока културна групација и најширокото ниво на културен идентитет на луѓето... [4]


Големите цивилизации според Хантингтон[уреди]

Судирот на цивилизациите според Хантингтон (1996), како што се претставени во книгата.[5]

Извори[уреди]

  1. „U.S. Trade Policy - Economics“. AEI. 15 февруари 2007. http://www.aei.org/issue/29196. 
  2. Official copy (free preview): The Clash of Civilizations?, Foreign Affairs, Summer 1993
  3. Bernard Lewis: The Roots of Muslim Rage The Atlantic Monthly, September 1990
  4. Судирот на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок, Семјуел Ф. Хантингтон, Скопје, Евро-Балкан пресс, 2010
  5. THE WORLD OF CIVILIZATIONS: POST-1990 scanned image

Надворешни врски[уреди]