Семјуел Хантингтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Семјуел Хантингтон

Семјуел Филипс Хантингтон (англиски: Samuel Phillips Huntington) е познат американски социолог и политиколог, кој го создава геополитичкиот концепт за Судир на цивилизациите.

Биографија[уреди]

Изучува политичка филозофија и во 1946 година ги завршил додипломските студии на Универзитетот Јејл, a во 1948 година магистрирал во Универзитетот во Чикаго. Во 1951 година станува доктор по филозофија на Универзитетот Харвард. Од 1950 до 1958 предава на Харвард, а од 1959 до 1962 е заменик-директор на Институтот за изучување на војната и мирот на Универзитетот во Колумбија. Во тоа време ја издава својата прва монографија, наречена Војникот и државата: теорија и пракса на односите помеѓу граѓанската власт и државата (The Soldier and the State: The Theory and Politics of Civil-Military Relations,1957).

Како докажан политички аналитичар и торетичар, Хантингтон започнал активно да работи за американската влада. Во периодот 1967 - 1969 и 1970 - 1971 ја раководи Катедрата за политички науки при Универзитетот Харвард. Во овој период голема слава стекнува неговата монографија Политичкиот ред во променливите општества (Political Order in Changing Societies, 1968), која се претвора во еден од класичните трудови посветени на политичките системи на земјите во развој. За да ја консолидира американската политолошка заедница, во 1970 година го формирал списание Надворешна политика ("Foreign Policy"), што се претвора во еден од најавторитетните светски политолошки изданија. До 1977 година е негов коредактор.

Во 1973 е заменик-директор на Центарот за меѓународни односи, а во периодот 1977 - 1978 е кординатор на одделот за планирање на Советот за национална безбедност. Од 1978 до 1989 е директор на Центарот за меѓународни односи. Дека авторитетот на Хантингтон меѓу американските политиколози е голем покажал неговиот изборот во 1984 за потпретседател, а во 1986 - 1987 за претседател на американската Асоцијација за политички науки.

Од 1989 Хантингтон се занимава најмногу со научна и научно-административна дејност како директор на Институтот за стратегиски студии Џон Олин во Харвард. Во 1996 ја предводи харвардската Академија за меѓународни и регионални истражувања.

Геополитички и филозофски погледи[уреди]

Главните негови интереси се областа на на националната безбедност и стратегија, односите помеѓу цивилното население и војската, демократизацијата и економија на земјите во развој, културните фактори кои влијаат на светската политика и проблемите на американскиот национален идентитет.

Судир на цивилизациите[уреди]

Меѓу политиколозите од 21 век Хантингтон е познат најмногу со парадигмата за "судирот на цивилизациите", која го оспорува концептот на "крајот на историјата" на Френсис Фукујама. Хантингтон ги претставува своите ставови за геополитичките и социо-културните проблеми во статијата Судир на цивилизациите? (1993), кој е објавен и во "Foreign Policy". Идеите изнесени во оваа статија се развива во монографијата Судир на цивилизациите и осмислување на светскиот поредок (The Clash of Civilizations and the Remaking of World Order, 1996) [1], која се претвора во светски футуристички бестселер.

Национален идентитет и проблемите на имиграцијата[уреди]

Во монографија Кои сме ние? Предизвиците пред американската национален идентитет (Who Are We? The Challenges to Amerika's National Identity, 2004) Хантингтон ги истражува проблемите на меѓународната имиграција. Тој посочува дека протокот на имигранти кои доаѓаат од земјите во развој, создава во западните општества енклави или острови од совршено различни култури. На таков начин "судирот на цивилизациите" добива и внатрешна димензија во рамките на одделните земји. За САД најголема опасност претставуваат имигрантите од Латинска Америка, кои не ги делат основните вредности на протестанско англо-саксонската култура, а за европските земји тоа би можеле да бидат оние од Блискиот Исток.

Дела[уреди]

  • The Soldier and the State: The Theory and Politics of Civil-Military Relations (1957),
  • The Common Defense: Strategic Programs in National Politics (1961),
  • Political Order in Changing Societies (1968),
  • The Crisis of Democracy: On the Governability of Democracies (1976),
  • American Politics: The Promise of Disharmony (1981),
  • The Third Wave: Democratization in the Late Twentieth Century (1991),
  • The Clash of Civilizations and the Remaking of World Order (1996), (Судирот на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок, Семјуел Ф. Хантингтон, Скопје, Евро-Балкан пресс, 2010)
  • Culture Matters: How Values Shape Human Progress]] (2000)
  • Who Are We? The Challenges to America's National Identity (2004), an article based on the book is available after (free) registration at Foreign Policy

Извори[уреди]

  1. The Clash of Civilizations and the Remaking of World Order (1996)