Страшило (1973)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Страшило“
РежисерЏери Шацберг
СценаристГери Мајкл Вајт
МузикаФред Мајроу
МонтажаЕван Лотман
ДистрибутерВарнер Брос
Премиера1973
Времетраење112 мин
Земја САД
Јазиканглиски

Страшило е американски патувачки филм од 1973 година, во режија на Џери Шацберг, во кој главните улоги ги толкуваат Џин Хекман и Ал Пачино. Фокусот на приказната се врти околу односот помеѓу двајца мажи кои патуваат од Калифорнија, со цел да започнат нов бизнис во Питсбург.

На Канскиот филмски фестивал во 1973 година, филмот ја освои наградата Гран при, највисокото признание. Иако финансиски филмот не беше успешен,подоцна се здоби со култен статус .

Заплет[уреди | уреди извор]

Двајца скитници, Макс Милан, агресивен поранешен осуденик и Франсис Лајонел „Лајон“ Делбучи, детинест пензиониран морнар, се среќаваат на пат во Калифорнија и се договараат, откако ќе пристигнат во Питсбург, да станат партнери во бизнисот со миење автомобили. Лајон е на пат кон Детроит да го види синот кој никогаш не го сретнал и да се смири со сопругата Ени, на која и ги испраќал сите пари што ги заработил, работејќи на брод. За време на патот до Питсбург, Макс се согласува да направи кратка обиколка до банката и да ја подигне својата парична заштеда со која ќе инвестира во бизнисот.

Додека се во посета кај сестрата на Макс во Денвер, лудориите на парот доведуваат до отслужување на затворска казна во траење од еден месец. Макс го обвинува Лајон како причина за неговото повторно враќање во затвор и го игнорира. Лајон се спријателува со моќен затвореник по име Рајли, кој подоцна се обидува сексуално да го нападне и иако не успева во намерата,физички го измачува и трауматизира емоционално. Макс го обновува пријателството со Лајон и станува негов заштитник, на крај дури одмаздувајќи се за него тепајќи го Рајли. Откако излегуваат од затвор, двајцата продолжуваат длабоко да си влијаат еден на друг, иако сега лично трансформирани и со изменети улоги - Лајон сè уште трауматизиран и не веќе така безгрижен како претходно, не можејќи дури ни да се насмее, а Макс ослободен од својата агресивност (во еден момент дури почнува да изведува стриптиз во бар за да спречи тепачка и да успее некако да извлече насмевка од Лајон).

Кога парот конечно пристигнува во Детроит, Лајон наоѓа телефонска говорница и се јавува кај Ени, сега повторно омажена, грижејќи се за нивниот петгодишен син. Ени сè уште бесна на Лајон што ја напуштил лаже дека абортирала (немилосрдно додавајќи, знаејќи дека Лајон е католик: „Тој никогаш не се ни роди. Никогаш не се ни крсти. Знаеш што значи тоа; неговата душа не може да оди во рајот. Тоа е она што ти и го направи на душата на твојот син, копиле. Го прати во чистилиште. Таа душа никогаш нема да може да оди во рајот“). Слушајќи ја оваа „вест“, Лајон е скршен од тага, но исто така е и Ени. Кога ја спушта слушалката, тој пред Макс глуми колку е среќен што дознал дека има син. Но набргу потоа, Лајон доживува психички колапс додека игра со деца во градски парк, а подоцна станува кататоничен. Макс му ветува на Лајон, сега во психијатриска болница, дека ќе стори се за да му помогне и се качува на воз до Питсбург со повратен билет.

Улоги[уреди | уреди извор]

Продукција[уреди | уреди извор]

Џин Хекман беше главниот избор на Џери Шацберг за улогата на Макс и се молеше со Ал Пачино за правилно да ги развијат ликовите.

Ворнер Брос, барајќи филм со мал буџет, го одобриле проектот, откако раководството почнало да станува скептично во успехот на поголемите, поскапи проекти.[1] За улогите на Макс и Лајон, режисерот Џери Шацберг ги претпочитал Ал Пачино и Џин Хекман и Шацберг претходно веќе соработувал со Пачино на „Паника во паркот на иглите“ (1971).[2]

За да ги разберат своите ликови, Пачино и Хакман се преправиле како скитници и проселе низ Сан Франциско.[2] Сепак, Пачино, поборник на методска глума, открил дека неговите техники се судирале со тие на Хекман, кој бил молчалив пред снимање, додека Пачино бил енергичен. Иако Хекман си поминал забавно за време на снимањето, Пачино подоцна искоментирал: „Не беше најлесно да се работи со Хекман, кого го обожавам како глумец“.

Прием[уреди | уреди извор]

На Канскиот филмски фестивал во 1973 година, филмот го освои Гран прито, еквивалентот на Златната палма во подоцнежните години,[1] делејќи ја наградата со „Платеникот“ во режија на Алан Бриџис.[3][4] Исто така ја освои наградата Најдобар неевропски филм на Данските награди Бодил во 1974 година.[5] Во САД, Страшило помина крајно неуспешно на боксофисот.[6]

Во 1973 година, Роџер Еберт му даде на филмот три ѕвезди, споредувајќи ја приказната со „Глувци и луѓе“ и „Полноќниот каубој“, и позитивно ги оцена изведбите на Пачино и Хекман, пишувањето и дејствието.[7] Во Њујорк Тајмс, Винсент Канби ги нарече Макс и Лајон „класични талкачи“ и „прекрасно реализирани ликови“.[8]

Во рецензијата од 2013 година, кога филмот беше реемитуван, Питер Бредшо од „Гардијан“ го опиша како „слободно движечко ремек-дело“, и оценувајќи ги изведбите на Хекман и Пачино како „најдобри во кариерата“.[9] Од друга страна, Питер Бискинд, во неговата книга „Лесни јавачи, бесни бикови“ го оцени значењето на филмот како „секундарно“.[10] Страшило има 75% рејтинг на Rotten Tomatoes, врз основа на 24 оценки.[11]

До 2012 година, Страшило беше најдобро рецензиран филм во кариерата на Шацберг.[12] Откако се здобил со култен статус,[6] Шацберг го ангажирал Сет Коен да го напише продолжението, кој го комплетирал сценариото во 2013 година.[1] Дејството требало да се одвива години подоцна од оригиналот, повторно обединувајќи ги Макс и Лајон,како компјутерски работник, каде Лајон дознава дека неговиот син е жив. Реализацијата на продолжението од филмот беше отежнато, ако не и невозможно, поради недостатокот на поддршка од студиото и повлекувањето на Хекман од глумата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Debruge, Peter (14 May 2013). „Modest 'Scarecrow' Preps Fresh Field in Gotham“. Variety. Посетено на 8 June 2017.
  2. 2,0 2,1 Axmaker, Sean. „Scarecrow (1973)“. Turner Classic Movies. Архивирано од изворникот на 2018-10-09. Посетено на 8 June 2017. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Axmaker“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. „Festival de Cannes: Scarecrow“. festival-cannes.com. Посетено на April 19, 2009.
  4. „U.S. Film Shares Cannes Prize“. Los Angeles Times. May 26, 1973. стр. B9. The Cannes Film Festival Grand Prix Friday was awarded jointly to the American film "Scarecrow" by Jerry Schatzberg and the British entry "The Hireling" bv Alan Bridges.
  5. „1974 Årets vindere“. Bodil Awards. Посетено на 8 June 2017.
  6. 6,0 6,1 Jagernauth, Kevin (1 July 2013). „Jerry Schatzberg Wants to Make a 'Scarecrow' Sequel Even Though WB Isn't Interested & Gene Hackman Has Retired“. IndieWire. Посетено на 8 June 2017.
  7. Ebert, Roger (12 April 1973). „Scarecrow“. Rogerebert.com. Посетено на 8 June 2017.
  8. Canby, Vincent (12 April 1973). „2 Drifters on a Photogenic Landscape: The Cast“. The New York Times. Посетено на 8 June 2017.
  9. „Scarecrow“. the Guardian. April 25, 2013. Посетено на June 1, 2015.
  10. Biskind, Peter. Easy Riders, Raging Bulls. Simon & Schuster. стр. 15. ISBN 9780684857084.
  11. „SCARECROW (1973)“. Rotten Tomatoes. Посетено на 8 June 2017.
  12. Keslassy, Elsa (14 September 2012). 'Scarecrow' to open Lumiere festival: Guillaume Canet to present Schatzberg's classic“. The Chicago Tribune. Посетено на 8 June 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]