Стојан Тасески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Тасески
Роден 1922 година
Лавчани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал април, 1945 година
Винковци, Хрватска
Националност Македонец

Стојан Китанов Тасески ( 1922 во Лавчани, Кичевско1945 во Винковци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со сточарство и земјоделие. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во септември 1944 година во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во завршните борби за ослободувањето на Кичево и Гостивар, а потоа во составот на Четириесет и осмата дивизија. Загинал на Сремскиот Фронт во борба со германците во близината на Винковци во април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 133.