Стари Трг кај Лож

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стари Трг кај Лож
Stari trg pri Ložu
Поглед на Стари Трг кај Лож
Грб на Стари Трг кај Лож
Стари Трг кај Лож is located in Slovenia
Стари Трг кај Лож
Стари Трг кај Лож
Местоположба во Словенија.
Координати: 45°42′51″N 14°28′10.3″E / 45.71417° СГШ; 14.469528° ИГД / 45.71417; 14.469528
Држава Словенија
Традиционален регионНотрањска
Статистички регионПриморско-нотрањски
ОпштинаЛошка Долина
Површина
 • Вкупна2,48 км2 (0,96 ми2)
Надм. вис.&10000000000000584000000584 м
Население (2020)
 • Вкупно859
 • Густина350/км2 (900/ми2)
Час. појасUTC+1
Пошт. бр.1386

Стари Трг кај Лож (словенечки: Stari trg pri Ložu) — населба во Општина Лошка Долина во западна Словенија. Населбата е центар на општината Лошка Долина. Областа е дел од историскиот регион Нотрањска. Населбата сега е вклучена во Приморско-нотрањскиот статистички регион.

Црква[уреди | уреди извор]

Парохиската црква во населбата е посветена на Свети Георги и припаѓа на Љубљанската архиепископија. Парохијата била создадена во втората половина на 12 век, а црквата првпат била спомната во пишаните документи кои датираат од 1221 година. Оригиналната црква била повторно изградена и проширена во неколку наврати. Во сегашната зграда се зачувани фрески од почетокот на 16 век, а постојното светилиште е доградено во 1643 година.