Среден клеточен волумен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Среден клеточен волумен
Дијагностика
ЦелКласифицирање на анемијата на микроцитна, нормоцитна или макроцитна анемија

Среден клеточен волумен (MCV, од англиски: mean corpuscular volume или mean cell volume) е просечен волумен на поединечен еритроцит. Неговата вредност се добива кога ќе се помножи волуменот на крв со уделот на клеточни елементи во крвта (хематокритот) и делење на производот со вкупниот број на еритроцити во дадениот волумен.

Кај пациенти со анемија, мерењето на MCV овозможува класификација на анемијата на микроцитна (низок MCV), нормоцитна (MCV во оптималниот опсег) или макроцитна анемија (висок MCV).

Пресметка[уреди | уреди извор]

За да се пресмета MCV, хематокритот (Hct) се дели со концентрацијата на црвени крвни клетки ([RBC])

Вообичаено, MCV се изразува во фемтолитри (fL, или 10−15L), и [RBC] е количина изразена во милиони на микролитар (106 / μL). Нормалниот опсег за MCV изнесува 80–100 fL.

На пример, ако Hct = 42.5% и [RBC] = 4.58 милиони на микролитар (4,580,000/μL), тогаш

Интерпретација[уреди | уреди извор]

Нормалниот референтен опсег вообичаено изнесува од 80-100 fL.[1]

Покачен[уреди | уреди извор]

Кај пернициозна анемија (макроцитна), MCV може да изнесува до 150 фемтолитри. [2] (исто така е зголемено нивото на GGT а односот AST/ALT е 2:1). Дефицит на витамин B12 и/или фолна киселина се исто така поврзани со макроцитна анемија (висока вредност за MCV).

Намален[уреди | уреди извор]

Најчести причинители на микроцитна анемија се дефицит на железо (поради неадекватен внес преку исхраната, гастроинтестинално крварење или менструално крварење), таласемија, сидеробластна анемија или хронична болест. Кај железо-дефициентна анемија (микроцитна анемија), може да изнесува од 60 до 70 фемтолитри. Кај некои случаи на таласемија, вредноста на MCV може да биде ниска и без притоа да има дефицит на железо.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „RBC indices: MedlinePlus Medical Encyclopedia“. medlineplus.gov. Посетено на May 13, 2020.
  2. Tønnesen H, Hejberg L, Frobenius S, Andersen J (1986). „Erythrocyte Mean Cell Volume-Correlation to Drinking Pattern in Heavy Alcoholics“. Acta Med Scand. 219 (5): 515–8. doi:10.1111/j.0954-6820.1986.tb03348.x. PMID 3739755.