Од Википедија — слободната енциклопедија
Доситеј претставува бронзена скулптура на првиот Архиепископ на возобновената Македонска православна црква, г.г. Доситеј. Споменикот се наоѓа на платото пред соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје и е подигнат по повод 40 години од возобнувањето на Македонската православна црква.[1] Споменикот свечено бил откриен на 8 декември 2007 година, веднаш по утринската литургија на која учествувале сите владици на МПЦ. Споменикот е дело на академикот Томе Серафимовски, а бил донација на тогашниот скопски градоначалник Трифун Костовски.[2]