Список на архаични зборови во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е список на архаични зборови во македонскиот јазик, каде има поголем број зборови кои со тек на времето отпаднале од употреба и како такви се сметаат за архаични, или застарени. Овој список не ги вклучува архаичните зборови од турско потекло, бидејќи тие се наведени во статијата „список на македонски зборови од турско потекло“. Изведените зборови се даваат веднаш под зборот од кој се изведени и се во закосени букви.


Азбучник A Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

А[уреди | уреди извор]

Збор Значење Забелешка
абре (ч.) честичка, ајде[1]
автограф (и/ м.р)
автографски (прид.)
1. Текст напишан со сопствена рака, оригинален ракопис.[2]
2. Машина за умножување ракописи.
адам (и/ м.р.) неплоден, кастриран, скопен[3]
аеронаут (и/ м.р.) воздухопловец, авијатичар[4]
аеронаутика (и/ ж.р.) воздухопловство, авијатика[5]
ајмана (и/ ж.р.)
1. ајван[6]
2. скитник, неранимајко, неработник
ајта (и/ ж.р.)
1. широк бел празничен фустан[7]
2. широка машка кошула до над колена
акордеон (и/ м.р.) стар музички инструмент, сличен на рачна хармоника[8]
ала (и/ ж.р.)
алетина (и/ ж.р.)
аждер, ламја, змеј[9]
алабак (и/ м.р.) будала, глупак[10]
аландарка (и/ ж.р.) Жена скитничка, алапачка, што шета по куќи.[11]
алем-камен (и/ м.р.) скапоцен камен, дијамант.[12]
антерија (и/ ж.р.)
антериче (и/ с.р.)
Старинска горна облека, долга до под колена или куса до појас.[13]
ариза (г./ сврш. форма) подари.[14]
аро (и./ с.р.)
1. Стар човек, најчесто во изразот.[15]
2. зло, лошо
нема еднина и се користи во изразите од типот „старо-аро“

Б[уреди | уреди извор]

Збор Значење Забелешка
бабовина (и./ ж.р.)
1. оставина од татко[16]
2. оставина од баба
технички е од турско потекло, баба.
баждарина (и./ ж.р.) трошарина, такса[17]
балтон (и./ м.р.) палто [18]
банда (и./ ж.р.)
1. толпа, група, дружина што врши злосторства[19]
2. оркестар (особено воен) од лимени инструменти
архаично значење би било второто
бандаџија (и./ м.р.) член на музичка банда, музичар [20]
барабанџија (и./ м.р.)
1. тој што удира на барабан во оркестар, музичар што исполнува партии за барабан[21]
2. службен известувач што се огласувал со барабан.
барутчија (и./ м.р.) тој што прави или продава барут[22]
баста (и./ ж.р.) набор на фустан, фалта[23]
баџ (и./ м.р.) наплата за премин или превоз преку гранична вода или граница.[24]
бедствие (и./ с.р.) беда[25]
безбожие (и./ с.р.)
безбожје (и./ с.р.)
отсуство на верата во Бога[26]
безветрие (и./ с.р.) безветрина[27]
безделие (и./ с.р.) отсуство на желба за работење[28]
белило (и./ с.р.)
1. козметичко средство за белење лице[29]
2. хемиско средство за белење при перење и при варосување
бенкалија (прид.) (немен по род) бенкичав[30]
бердана (и./ ж.р.)
берданка (и./ ж.р.)
пушка од втората половина на 19 век[31]
бесалија (и./ м.р.) човек од збор[32]
бесправие (и./ с.р.) бесправност, беззаконие[33]
бесрамие (и./ с.р.) отсуство на срам[34]
бесилие (и./ с.р.) бессилност, слабост, немоќ[35]
бестрашие (и./ с.р.) бестрашност, храброст[36]
би (г./ сврш. форма)
1. стана, се случи[37]
2. тепа, бие - аористна форма.
бивак (и./ м.р.)
бивачен (прид.)
војнички логор за привремен престој[38]
билјоса (г./ сврш. форма)
билјосува (несврш. форма)
билјосување (и./ с.р.)
се опие, се замае од билје, се маѓоса[39]
билка (и./ ж.р.)
1. тревка, растение со лековита или со магиска моќ[40]
2. лек
благден (и./ м.р.) празник[41]
благоверен (прид.)
благоверност (и. ж.р.)
правоверен (обично пред титулите на старите владетели)[42]
благоверник (и. м.р.) тој што е правоверен, чист во верата, со христијанска доблест.[43]
благодушие (и. с.р.) благодушност, добродушност.[44]
благословија (и. ж.р.) благослов[45]
блуден (прид.)
блудност (и./ж.р.)
блудно (прид.)
1. што се оддава на блуд[46]
2. што има својство на блуд, што поттикнува на блуд.
3. што го згрешил правилниот пат, што заблудел.
бљудо (и./ с.р.) чинија[47]
богатник (и./ м.р.)
богатница (и./ж.р.)
богаташ [48]
богољубец (и./ м.р.) што го љуби Бога; побожен човек, праведник.[49]
божев (прид.) божји[50]
божевен (прид.)
божевност (и./ ж.р.)
побожен[51]
бојник (и./ м.р.)
1. слатководна риба, вид крап[52]
2. војник
бомбе (и./ с.р.) полуцилиндер[53]
брзописец (и./ м.р.) човек што пишува брзо[54]
буица (и./ ж.р.)
1. вода што тече силно, брзо, што надоаѓа, обично по пороен дожд[55]
2. треска, грозница
бусија (и./ ж.р.) заседа[56]

З[уреди | уреди извор]

Збор Значење Забелешка
забан (и./ м.р.)
забанче (и./с.р.)
дел од некогашната селска машка или женска горна облека од сукно, со ракави или без нив[57]
забанџија (и./ м.р.) човек што прави забани[58]
завоевател (и./ м.р.) завојувач[59]
загон (и./ м.р.) мера за површина[60]
заим (и./ м.р.)
1. позајмица, позајмување, заем[61]
2. корисник на голем феудален имот (во Османлиското Царство).
Архаично значење е второто.
зајави (г./ сврш. форма)
зајавува (г./ несврш. форма)
зајавување (и./ с.р.)
1. изјави[62]
2. почне да се јавува, да се покажува
зајчи (прид.) зајачки[63]
заклина (г./ сврш. форма)
заклинање (и./с.р.)
заколне[64]
заклучение (и./с.р.) заклучок[65]
закмети (г./ сврш. форма)
закметува (г./ несврш. форма)
1. остане подолго време на функцијата кмет[66]
2. се намести некаде добро, подолго време.
закон (и./ м.р.) верски прописи, вера[67] Другите значења на зборот не се архаични.
законачи (г./ сврш. форма)
законачува (г./ несврш. форма)
да остане на конак, на ноќевање.[68]
замк (и./м.р.) лепило од смола[69]
затемнение (и./с.р.) затемнување[70]
зачисли (г./сврш. форма)
зачислува (г./ несврш. форма)
вброи, вклучува[71]
зборлија (прид.) зборлив[72]
згорница (и./ ж.р.)
1. вид горна женска облека[73]
2. плетенки што се плетат на горната страна на главата
здолница (и./ ж.р.)
1. долен дел од женска облека[74]
2. плетенки што се плетат на долната страна на главата
земјопис (и./ м.р.) географија[75]
земјотресение (и./ с.р.) земјотрес[76]
земски (прид.)
1. што се однесува на земјата како свет[77]
2. 2. што се однесува на земја како административно организирана територија.
Второто значење е архаично.
зилјар (и./ м.р.)
зилјарка (и./ ж.р.)
тој што завидува, завидлив[78]
зилје (и./ с.р.) завист[79]
златец (и./ м.р.) јули[80]
зло (прил.) лошо[81]
злодеј (и./ м.р.)
злодејски (прид.)
злосторник[82]
злодејание (и./ с.р.) злосторство[83]
злодејство (и./ с.р.) злосторство[84]
знамение (и./ с.р.) предзнак, навестување, најчесто лошо.[85]
зограф (и./ м.р.)
зографски (прид.)
тој што слика икони и фрески[86]
зографиса (г./ сврш. форма)
зографисува (г./ несврш. форма)
зографисување (и./ с.р.)
наслика икона или фреска во црква.[87]
зографство (и./ с.р.) занает на зографот, зографска дејност[88]
зод (и./ ж.р.) глеѓ[89]
зоди (г./ несврш. форма)
зодоса (г./ сврш. форма)
зодење (и./ с.р.)
глеѓосува[90]
золота (и./ ж.р.) стара монета од времето на османлиската власт со вредност помала од грош.[91]
зорнина (и./ ж.р.) рана зора, време на развиделување, пред изгревање на сонцето[92]
зрачка (и./ ж.р.) зрак[93]

Ѕ[уреди | уреди извор]

Збор Значење Забелешка
ѕвездочатец (и./ м.р.) тој што ја чита, што ја претскажува судбината по ѕвездите.[94]
ѕрнѕурка (и./ ж.р.)
1. дел од накитот во носијата, сребрен украс за на глава, синџир со ситни пари што се спушта над челото[95]
2. ситни предмети за китење, за украсување, со мала вредност
ѕрцала (и./ мн.) очила[96]

Љ[уреди | уреди извор]

Збор Значење Забелешка
љуба (и./ ж.р.)
1. жена, сопруга[97]
2. љубовница, сакана, љубена
љубочовечен (прид.) човекољубив[98]
љубочовештина (и./ ж.р.) човекољубивост[99]

Ќ[уреди | уреди извор]

Скоро сите архаични зборови на буквата 'ќ' се од турско потекло, и истите може да се најдат во посебен список. Ако имате некој друг архаичен збор кој почнува на 'ќ', а не е од турско потекло, додадете го во табела веднаш под оваа белешка.

Џ[уреди | уреди извор]

Збор Значење Забелешка
џафте (прид.) евтин, мал[100]
џефа (и./ ж.р.) џева[101]
џида (и./ ж.р.) копје, дршка од бајрак.[102]
џока (и./ ж.р.) вид куса машка и женска облека, еден вид тесен елек.[103]
Белешка: Повеќето од архаичните зборови на буквата 'џ' се турцизми и се наоѓаат во посебен список.

Ш[уреди | уреди извор]

Збор Значење Забелешка
шаваспур (и./ м.р.) лесна и танка проѕирна ткаенина од лен или свила, слично на газа[104]
шајка (и./ ж.р.)
1. клинец[105]
2. воен брод на весла, чамец
3. група разбојници или злосторници
Вторите две значења се архаични.
шант (и./ м.р.) бајпас[106]
шашка (и./ ж.р.) черкеска сабја[107]
шибер (и./ м.р.)
1. направа за пресметување алгоритми[108]
2. направа за блокирање врата, прозор или други подвижни елементи
Првото значење е архаично.
шпекула (и./ ж.р.) шпекулација[109]
шпиртен (прид.) што се однесува на шпирт[110]
штембил (и./ м.р.) печат[111]
Белешка: Повеќето од архаичните зборови на буквата 'ш' се турцизми и се наоѓаат во посебен список.

Легенда[уреди | уреди извор]

и. — именка
г. — глагол
сврш. форма — глагол од свршена форма
несврш. форма — глагол од несвршена форма
прид. — придавка
прил. — прилог
пред. — предлог
ч. — честичка
сврз. — сврзник
мн. — множина
ж.р. — женски род
м.р.— машки род
с.р.— среден род

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Речник на македонскиот јазик: абре на makedonski.gov.mk
  2. Речник на македонскиот јазик: абдал на makedonski.gov.mk
  3. Речник на македонскиот јазик: адам на makedonski.gov.mk
  4. Речник на македонскиот јазик: аеронаут на makedonski.gov.mk
  5. Речник на македонскиот јазик: аеронаутика на makedonski.gov.mk
  6. Речник на македонскиот јазик: ајмана на makedonski.gov.mk
  7. Речник на македонскиот јазик: ајта на makedonski.gov.mk
  8. Речник на македонскиот јазик: акордеон на makedonski.gov.mk
  9. Речник на македонскиот јазик: ала на makedonski.gov.mk
  10. Речник на македонскиот јазик: алабак на makedonski.gov.mk
  11. Речник на македонскиот јазик: аландарка на makedonski.gov.mk
  12. Речник на македонскиот јазик: алем-камен на makedonski.gov.mk
  13. Речник на македонскиот јазик: антерија на makedonski.gov.mk
  14. Речник на македонскиот јазик: ариза на makedonski.gov.mk
  15. Речник на македонскиот јазик: аро на makedonski.gov.mk
  16. Речник на македонскиот јазик: бабовина на makedonski.gov.mk
  17. Речник на македонскиот јазик: баждарина на makedonski.gov.mk
  18. Речник на македонскиот јазик: балтон на makedonski.gov.mk
  19. Речник на македонскиот јазик: банда на makedonski.gov.mk
  20. Речник на македонскиот јазик: бандаџија на makedonski.gov.mk
  21. Речник на македонскиот јазик: барабанџија на makedonski.gov.mk
  22. Речник на македонскиот јазик: барутчија на makedonski.gov.mk
  23. Речник на македонскиот јазик: баста на makedonski.gov.mk
  24. Речник на македонскиот јазик: баџ на makedonski.gov.mk
  25. Речник на македонскиот јазик: бедствие на makedonski.gov.mk
  26. Речник на македонскиот јазик: безбожие на makedonski.gov.mk
  27. Речник на македонскиот јазик: безветрие на makedonski.gov.mk
  28. Речник на македонскиот јазик: безделие на makedonski.gov.mk
  29. Речник на македонскиот јазик: белило на makedonski.gov.mk
  30. Речник на македонскиот јазик: бенкалија на makedonski.gov.mk
  31. Речник на македонскиот јазик: бердана на makedonski.gov.mk
  32. Речник на македонскиот јазик: бесалија на makedonski.gov.mk
  33. Речник на македонскиот јазик: бесправие на makedonski.gov.mk
  34. Речник на македонскиот јазик: бесрамие на makedonski.gov.mk
  35. Речник на македонскиот јазик: бесилие на makedonski.gov.mk
  36. Речник на македонскиот јазик: бестрашие на makedonski.gov.mk
  37. Речник на македонскиот јазик: би на makedonski.gov.mk
  38. Речник на македонскиот јазик: бивак на makedonski.gov.mk
  39. Речник на македонскиот јазик: билјоса на makedonski.gov.mk
  40. Речник на македонскиот јазик: билка на makedonski.gov.mk
  41. Речник на македонскиот јазик: благден на makedonski.gov.mk
  42. Речник на македонскиот јазик: благоверен на makedonski.gov.mk
  43. Речник на македонскиот јазик: благоверник на makedonski.gov.mk
  44. Речник на македонскиот јазик: благодушие на makedonski.gov.mk
  45. Речник на македонскиот јазик: благословија на makedonski.gov.mk
  46. Речник на македонскиот јазик: блуден на makedonski.gov.mk
  47. Речник на македонскиот јазик: бљудо на makedonski.gov.mk
  48. Речник на македонскиот јазик: богатник на makedonski.gov.mk
  49. Речник на македонскиот јазик: богољубец на makedonski.gov.mk
  50. Речник на македонскиот јазик: божев на makedonski.gov.mk
  51. Речник на македонскиот јазик: божевен на makedonski.gov.mk
  52. Речник на македонскиот јазик: бојник на makedonski.gov.mk
  53. Речник на македонскиот јазик: бомбе на makedonski.gov.mk
  54. Речник на македонскиот јазик: брзописец на makedonski.gov.mk
  55. Речник на македонскиот јазик: буица на makedonski.gov.mk
  56. Речник на македонскиот јазик: бусија на makedonski.gov.mk
  57. Речник на македонскиот јазик: забан на makedonski.gov.mk
  58. Речник на македонскиот јазик: забанџија на makedonski.gov.mk
  59. Речник на македонскиот јазик: завоевател на makedonski.gov.mk
  60. Речник на македонскиот јазик: загон на makedonski.gov.mk
  61. Речник на македонскиот јазик: заим на makedonski.gov.mk
  62. Речник на македонскиот јазик: зајави на makedonski.gov.mk
  63. Речник на македонскиот јазик: зајчи на makedonski.gov.mk
  64. Речник на македонскиот јазик: заклина на makedonski.gov.mk
  65. Речник на македонскиот јазик: заклучение на makedonski.gov.mk
  66. Речник на македонскиот јазик: закмети на makedonski.gov.mk
  67. Речник на македонскиот јазик: закон на makedonski.gov.mk
  68. Речник на македонскиот јазик: законачи на makedonski.gov.mk
  69. Речник на македонскиот јазик: замк на makedonski.gov.mk
  70. Речник на македонскиот јазик: затемнение на makedonski.gov.mk
  71. Речник на македонскиот јазик: зачисли на makedonski.gov.mk
  72. Речник на македонскиот јазик: зборлија на makedonski.gov.mk
  73. Речник на македонскиот јазик: згорница на makedonski.gov.mk
  74. Речник на македонскиот јазик: здолница на makedonski.gov.mk
  75. Речник на македонскиот јазик: земјопис на makedonski.gov.mk
  76. Речник на македонскиот јазик: земјотресение на makedonski.gov.mk
  77. Речник на македонскиот јазик: земски на makedonski.gov.mk
  78. Речник на македонскиот јазик: зилјар на makedonski.gov.mk
  79. Речник на македонскиот јазик: зилје на makedonski.gov.mk
  80. Речник на македонскиот јазик: златец на makedonski.gov.mk
  81. Речник на македонскиот јазик: зло на makedonski.gov.mk
  82. Речник на македонскиот јазик: злодеј на makedonski.gov.mk
  83. Речник на македонскиот јазик: злодејание на makedonski.gov.mk
  84. Речник на македонскиот јазик: злодејство на makedonski.gov.mk
  85. Речник на македонскиот јазик: знамение на makedonski.gov.mk
  86. Речник на македонскиот јазик: зограф на makedonski.gov.mk
  87. Речник на македонскиот јазик: зографиса на makedonski.gov.mk
  88. Речник на македонскиот јазик: зографство на makedonski.gov.mk
  89. Речник на македонскиот јазик: зод на makedonski.gov.mk
  90. Речник на македонскиот јазик: зоди на makedonski.gov.mk
  91. Речник на македонскиот јазик: золота на makedonski.gov.mk
  92. Речник на македонскиот јазик: зорнина на makedonski.gov.mk
  93. Речник на македонскиот јазик: зрачка на makedonski.gov.mk
  94. Речник на македонскиот јазик: ѕвездочатец на makedonski.gov.mk
  95. Речник на македонскиот јазик: ѕрнѕурка на makedonski.gov.mk
  96. Речник на македонскиот јазик: ѕрцала на makedonski.gov.mk
  97. Речник на македонскиот јазик: љуба на makedonski.gov.mk
  98. Речник на македонскиот јазик: љубочовечен на makedonski.gov.mk
  99. Речник на македонскиот јазик: љубочовештина на makedonski.gov.mk
  100. Речник на македонскиот јазик: џафте на makedonski.gov.mk
  101. Речник на македонскиот јазик: џефа на makedonski.gov.mk
  102. Речник на македонскиот јазик: џида на makedonski.gov.mk
  103. Речник на македонскиот јазик: џока на makedonski.gov.mk
  104. Речник на македонскиот јазик: шаваспур на makedonski.gov.mk
  105. Речник на македонскиот јазик: шајка на makedonski.gov.mk
  106. Речник на македонскиот јазик: шант на makedonski.gov.mk
  107. Речник на македонскиот јазик: шашка на makedonski.gov.mk
  108. Речник на македонскиот јазик: шибер на makedonski.gov.mk
  109. Речник на македонскиот јазик: шпекула на makedonski.gov.mk
  110. Речник на македонскиот јазик: шпиртен на makedonski.gov.mk
  111. Речник на македонскиот јазик: штембил на makedonski.gov.mk

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]