Мирко Попов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
средување
Ознака: Отповикано
Ред 43: Ред 43:
{{DEFAULTSORT:Попов, Мирко}}
{{DEFAULTSORT:Попов, Мирко}}
[[Категорија:Македонски диџеи]]
[[Категорија:Македонски диџеи]]
[[Категорија:Македонски автори на стрипови]]

Преработка од 13:05, 25 март 2024

Мирко Попов
Роден 15 октомври 1972
Скопје
Починал 24 март 2024(2024-03-24) (возр. 51)
Скопје

Мирко Попов (15 октомври 1972, Скопје - 24 март 2024, Скопје)[1] — македонски автор и продуцент на електронска музика.

Животопис

Неколкуте авангардни музички револуции во 1980-те години, но и неверојатно високиот квалитет на поп-музиката од тоа време помогнале Мирко Попов да развие здрава љубопитност, дивергентен музички вкус и ориентација кон постојан прогрес, што се одразува пресудно во понатамошните одлуки.

Првиот професионален диџеј ангажман го добил во 1992 година и оттогаш не престанал со настапи. Истата година добил простор во култното скопско музичко радио Канал 103, што е еден од клучните моменти во неговиот равој како личност и музичар. Од 2008 до 2010 година бил и главен и одговорен урeдник на Канал 103.

Во 1995 година Мирко Попов и Александар Малевски ја формирале Прогресивната Мултимедијална Група (ПМГ колектив), кој во следните години прераснал во водечка авангардна сила на скопските улици. Журките на ПМГ од 1990-те биле суштината на скопскиот урбан фолклор од тоа време, а Мирко Попов како диџеј, имал можност редовно да настапува низ регионот, но и низ Европа.

Во 1998 година ја формирал дискографската куќа ПМГ рекордингс, која денес е водечка независна дискографска куќа во земјата, со седумдесеттина изданија. Последните години на минатиот век ги донеле и првите (хаус,техно и електро) продукции, а во 2003 година сето тоа прераснало во бендот ПМГ колектив (еклектична комбинација на жив и електорнски пристап во слободен стил) каде Мирко Попов бил автор на музика, текстови и вокалист. Бендот за кратко време прераснал во еден од водечките домашни бендови од првата деценија на новиот век, со повеќе издадени албуми, како и македонски и европски турнеи.

Во 2011 година, со намера да ја отслика духовната атмосфера на ПМГ подиумот за танц, ја покренал етикетата Патерн ПМГ, специјализиран за електронска денс музика.

Попов бил дел и од опскурниот и култен бенд / проект Кантон 6, со кој имал издадено повеќе EP изданија и албумот „Чил Фолк“.

Попов имал остварено повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Автор бил и на неколку музички дела за театар и филм. Режирал една радио драма. Попов бил уредник и на неколку емисии на скопското радио Канал 103, како и продуцент на електронска музика во склоп на ПМГ.

Наводи