Сокер сити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стадион Сокер сити
Место Јоханесбург, Јужна Африка
Отворен 1989[1]
Проширен 2009
Сопственик The Stadia and Soccer Development Trust [2]
Оператор Фудбалска федерација на Јужна Африка
Подлога Трева
Главен изведувач Grinaker-LTA/ BAM International
Играат/ле
Гледачи 94,700[3][4]

Сокер сити познат и како First National Bank Stadium (ФНБ Стадион) е стадион којшто се наоѓа во југозападниот дел на Јоханесбург, Јужноафриканска република. Објектот бил изграден во 1989 година. По добивањето на земјата да биде организатор на Светското првенство по фудбал во 2010 година, стадионот бил реновирен и проширен. Стадионот е специјализиран за фудбалски натпревари, без атлетски стази. Пред неговото отварање, на истиот стадион своите домашни натпревари ги играл ФК Кајзер Чифс. Пред да биде реновиран, стадионот имал капацитет од 74.000 седишта, а по реновирањето има 94.700 седишта. Денеска, тој е најголемиот стадион во Јужна Африка, и целиот африкански континент. Трошоците за неговата изградба односно реновирање се $ 440 милиони.

Наводи[уреди]

  1. Lucille Davie (23 јануари 2007). „Soccer goes back 120 years in Joburg“. City of Johannesburg. http://www.joburgnews.co.za/2007/jan/jan23_soccerhistory.stm. конс. 30 јуни 2008. 
  2. „Soccer City“. South African Football Association. http://www.safagoal.net/index.php?page=soccercity. конс. 30 јуни 2008. 
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име FIFA-Soccer_City.
  4. „Stadia“. South African Football Association. http://www.safagoal.net/index.php?page=stadia. конс. 30 јуни 2008.