Совре Степановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Совре Јонов Степановски (3 октомври 1924 во Бабино, Демирхисарско — 1945 во Скопје) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Совре Јонов Степановски е роден во селото Бабино. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил на 23 август 1944 година. Припаѓал на Шестата македонска бригада. Од болеста добиена во НОБ умрел, во скопската болница, во пролетта 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)