Славјанка Аксал

Од Википедија — слободната енциклопедија

Славјанка Аксал (турски: Slovonija Aksal)(1941, с. Баратлие,Крива ПаланкаМакедонија) е истакната македонска писателка, поетеса, критичар и преведувач.

Животопис[уреди | уреди извор]

Славјанка Аксал е родена на 17 септември 1941 год. во село Баратлие'кривопаланечко во сиромашно семејство. Основно училиште завршила во родното место, а средно образование стекнала во гимназијаГоце Делчев,Куманово.Студирала на Филолошкиот факултет во Скопје во групата на јужнословенска книжевност. Родена е во сиромашно земјододелско семејство. Татко и се викал Стојко и работел како земјоделец, а мајка и Славка била домаќинка.Кога Славјанка имала 7 години нејзините родители се разведеле. По две години во 1953 година мајка и се омажила во соседното село Милутинце,додека татко и останал неженет. Денес Славјанка има една родена сестра, две полу сестри и тројца полубраќа, од вториот брак на својата мајка. Нејзината пет години помала сестра заминала да живее со својата мајка, па така Славјанка останала да живее со својот татко Стојко и своите изнемоштени баба и дедо(Славе и Стојка). Уште мала покажала интерес кон книгите и учењето. Дедо и Славе прв покажал интерес да и помогне на својата внука во учењето. И покрај сиромаштијата и макотрпната работа по кривопаланечките полиња тој одвојува време да и помогне на својата внука, "Ке седневме со дедо ми во одајата, во старата трошна куќа а тој ќе почнеше да ми раскажува некои приказни за познати македонски револуционери. Од сите приказни најинтересна ми беше онаа за револуционерот Јован Пиперката.Ке седнев до него и внимателно го слушав. А тој раскажуваше и раскажуваше..Тие спомени ми останаа врежани во умот и денес кога ќе се присетам..." - извадок од "Автобиографијата на Славјанка Аксал". Уште на мали нозе била приморана рамо до рамо со својата баба да работат по жетварските полиња, да го пасат добитокот. Сето ова не и било пречка на Славјана во нејзината едукација, напротив таквата социјална состајба и била мотивација да продолжи со своето школување. По неколку месечното учење во петто одделение во основното училиште во Ранковци го повикуват нејзиниот татко на разговор. Таа во тој момент била исплашена бидејќи мислеа дека сторила нешто лошо , но тоа било само за да нејзината наставничка да го запознае родителот со знаењето и вештините кои ги поседувала таа и да го посоветува татко и за понатамошното образовање на неговата ќерка. Таа му предложила да ја запише во гимназијата во Куманово по завршувањето на осмо одделение. Прво тој не прифатил но подоцна се предомислил и до нел одлука да ја запише својата ќерка во гимназијата"Гоце Делчев" во Куманово.