Скокање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Срна во скок, Национален парк Ваденско Море
Човек скока на трамболина

Скокање е форма на движење при што жив организам или нежив механички систем (на пр. роботски) се пробива низ воздухот по балистичка траекторија. Скокањето се разликува од трчање, галопирање и други движења каде целото тело е привремено во воздух, по релативно долготрајната воздушна фаза и високиот агол на првичното отскокнување.

Некои животни, како што е кенгурот, користат скокање како нивна примарна форма на движење, додека други, како што се жабите, скокаат само за да избегаат грабливци, и можат да скокнат на растојание педесет пати поголемо од своето тело.[1]

Скокањето е исто така клучна одлика на разни активности и спортови, вклучително и скок во далечина, скок во височина и скокање препреки со коњ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zug, G. R. (1978). „Anuran Locomotion: Structure and Function. II. Jumping performance of semiacquatic, terrestrial, and arboreal frogs“. Smithsonian Contributions to Zoology (276): iii–31.