Систем за движење
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Системот за движење, познат и како локомоторен систем, го овозможува движењето на одделните делови на телото, како и движењето на целиот организам во просторот. Кај без‘рбетниците, тој е претставен само и главно со мускулниот систем, а кај ‘рбетниците со мускулен и со скелетен систем, при што скелетот е пасивниот дел, додека мускулниот систем е активниот дел на овој систем.
Скелетен систем [уреди]
- Основна статија:Скелет
Под скелет се подразбираат сите цврсти творби во внатрешноста или површината на животинското тело кои служат како телесни потпирачи и за кои се прицврстени мускулите и другите меки органи. Скелетните делови можат да бидат живи продукти од телото (коските и ‘рскавицата) или мртви излачени продукти (черупките на мекотелите или хитинскиот оклоп на членконогите).
Мускулен систем [уреди]
- Основна статија:Мускулен систем
Мускулниот систем е збир од мускули преку кој се остваруваат сите движења на телото или на неговите делови. Морфолошки и физиолошки се разликуваат три вида на мускули: напречно-пругасти, мазни и срцевиот мускул како посебен.
