Караула „Сива Кобила“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сива Кобила Карула)
Карта
Сива Кобила

Караула „Сива Кобила“караула во Македонија.

Сива Кобила се наоѓа во селото Косевица, Македонска Каменица на македонско-бугарската граница на надморска височина од 1806 метри. Според шумско-стопанската организациска поставеност спаѓа во ШС „Голак“ - Делчево. Караулата се простира на Осоговските Планини, 13 километри далеку од врвот Руен. Караулата била изградена во времето на СХС и била користена за гранична патрола сѐ до деведесеттите по распаѓањето на СФРЈ.

Правци за искачување[уреди | уреди извор]

Сива Кобила има повеќе правци за искачување кои одат по различни шуми и ридини, но главните патишта се преку селото Моштица. Патот почнува во маалата Перчаци и долг е 6 километри и треба околу 3 часа да се искачи како и патот преку селото Косевица. Патот е доволно широк без многу големи дупки или камења каде што може да се излезе со мотор или теренско возило.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „turnimedakinisam.mk“.