Семејна книшка

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Семејна книшка“ (француски: Livret de famille) — роман на францускиот писател Патрик Модијано, објавен во 1977 година од издавачката куќа „Галимар“ од Париз.

Содржина[уреди | уреди извор]

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Слично на претходните романи на Модијано, и овој претставува упорно трагање по идентитетот наспроти разорното дејство на времето, а низ сеќавањата раскинати од сегашноста. Книгата се одликува со цврста надворешна структура, составена од 15 глави кои одговараат на 15-те страници на задолжителниот семеен документ (Семејна книшка) кој им се врачува на француските брачни парови за време на венчавката, а во кој се наведени личните податоци поврзани со семејството. Централно место во книгата има осмата глава во однос на која се правилно распоредени останатите глави кои се сменуваат според должината и тонот на раскажувањето. Всушност, во насловот на книгата, зад цврстата синтагма на административниот јазик се крие игра за зборови со употреба на хомонимот: livret означува и книшка со текстот на операта (либрето), така што насловот може да се толкува и како „Семејно либрето“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Izabela Konstantinović, „Patrik Modiano“, во: Patrik Modijano, Izgubljeni kraj. Beograd: Nolit, 1989, стр. 11-12.