Санде Смилевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Санде Ванчев Смилевски (прекар: Цане; 1924 во Строиманци, Светиниколско30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Санде бил неписмен и крајно беден, што го принудило уште од детските години да доаѓа во село Секулица (Кратовско), каде бил ценет за момок, а подоцна се оженил и останал да живее во селото. Во Секулица и околината често делувале партизански единици што придонело, да се запознае со движењето и станал симпатизер на истото. Во септември 1944 година, заедно со уште многу младинци од селото стапил во редовите на НОВ. Учествувал во многу борби што ги водела неговата единица до конечното ослободување на Македонија. Тој со единицата преминал на теренот околу Гнилане и земал учество во уништувањето на остатокот од балистичките банди. Загинал во една борба со балистите, на 30 декември 1944 година. Зад себе оставил едно дете сирак.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 57.