Саво Гечевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саво Гечевски
Роден 1923 година
Тетово, Македонија
Починал 1944 година
Скопје, Македонија

Саво Живков Гечевски ( 1923 во Тетово1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното образование го изучил молерскиот занает. Постојано живеел во Скопје. Како напреден младинец, стапил во народно-ослободителното движење. Се истакнал како активен член во опфаќањето нови младинци за борба против непријателот. На 7 септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во сите борби против Германците и балистите. Се истакнал како храбар борец. Загинал во близина на Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 184–185. На |first= му недостасува |last= (help)