СУГС „Браќа Миладиновци“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија

Браќа Миладиновци

Место
Општина: Кисела Вода
Место: Скопје
Основни информации
Контактни информации
Портал 1.brakamiladinovcikkv.schools.edu.mk

„Браќа Миладиновци“ — средно училиште во Скопје, Општина Кисела Вода[1].

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Училиштето е основано како Гимназија „Браќа Миладиновци” од Собранието на Општина Драчево на XIV-та заедничка седница на Општинскиот собор и Соборот на Работните заедници одржан на 01.06.1964 година. Дејноста на Гимназијата е верифицирана со акт бр. 11-139/1 од Секретарјатот за образование и наука- Скопје. Наставата во училиштето започна на 01.10.1964 година со 85 ученици распоредени во 3 паралелки. Потребите од средно образование во населбата Драчево доведе до постојано зголемување на бројот на ученици , а со тоа се зголеми и бројот на професорите и техничкиот персонал. Од учебната 1982/83 година во средното образование на СРМ се воведоа нови наставни планови и програми , односно започна реализацијата на концептот за средно насочено образование. Денес училиштето е верифицирано како Државно училиште за средно образование “Браќа Миладиновци” во кое се изучуваат следните образовни профили:

Гимназиско образование[уреди | уреди извор]

Земјоделско-ветеринарна струка[уреди | уреди извор]

техничар за фармерско производство - техничар за хортикултура - лозарско – винарски техничар - ветеринарен техничар СУГС „Браќа Миладиновци“ брои вкупно 975 ученици распоредени во 35 паралелки. Од нив 14 паралелки припаѓаат на гимназиското образование,а 10 паралелки припааѓаат на ветеринарните техничари. Техничарите за фармерско производство се распоредени во седум паралелки. Три паралелки припаѓаат на техничарите за холтикултура, а од учебната 2005/06 за првпат во една паралелка ќе се запишат и лозаро-винарски техничари.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]