Прејди на содржината

СЕТУ „Михајло Пупин“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија

СЕТУ „Михајло Пупин“

Место
Општина: Гази Баба
Место: Скопје
Адреса: ул. „Благоја Стефковски“ б.б
Основни информации
Директор: Дипл. ел. инж. Ефтим Пејовски
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал www.mihajlopupin.edu.mk

Средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ — средно училиште во општина Општина Гази Баба[1].

Во 1954/1955 година за потребите на стопанството за квалификувани работници од металска струка, во индустрискиот дел на Скопје, било формирано стручното металско училиште за ученици во стопанство „Коце Металец“. Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во учебната 1963/1964 година, училиштето е проширено со паралелки од електро и автосообраќајната струка.

Во 1970 година изградена е новата училишна зграда во која денес се изведува воспитно-образовниот процес, со што се создадени поповолни услови за теоретска и практична настава.

Со новата мрежа на средно насочено образование во 1984 година, училиштето се трансформира во Електротехнички училиштен центар, а во мај 1993 година доби свој нов патрон „Михајло Пупин“.

Од своето формирање до денес со училиштето раководеле повеќе директори.

Првиот директор за кого е врзано основањето на училиштето бил Бејто Реџапиќ (1954-1955).

Во наредниот период директори биле:

Во училиштето се изучуваат следните профили:[2]

  • Образование со тригодишно траење:
    • Електроинсталатер и монтер
    • Електромеханичар
  • Образование со четригодишно траење:
    • Електротехничар за Компјутерска Техника и Автоматика
    • Електротехничар за Електроника и Телекомуникации
    • Електротехничар - Енергетичар

СЕТУ на Град Скопје „Михајло Пупин“ – Скопје нуди повеќе видови на специјализации:

  • Постсредно образование (5 – степен)
    • Специјализација за електрични мрежи
    • Телекомуникациска специјализација
    • Специјализација на аудио и видеотехника
    • Специјализација на медицински и електронски апарати

Училиштето нуди и други дополнителни високопрофесионални дејности:

  • Стручна оспособеност по барање и за потребите на стопанските субјекти

Во училиштето активно работат следниве организации:

  • Младинската организација МЕТА која е организатор и учесник во низа школски и воннаставни активности.
  • Центарот за кариера во училиштето функционира веќе 4 години.
  • Реалната училишна компанија формирана и опремена од УСАИД-СЕА-проект нуди услуги од електротехничката струка.

Учество на натпревари

[уреди | уреди извор]

Секоја година најдобрите ученици учествуваат на Државниот натпревар на електро-машинските и автосообраќајните училишни центри, при што се освоени голем број први, втори и трети места, давајќи голем придонес за својата афирмација и афирмацијата на своето училиште. Дел од своето слободно време учениците го поминуваат во некоја од секциите, меѓу кои најактивни се: спортската, техничката, литературната, историската, планинарската и др.

Некои од учениците постигнале врвни резултати на повеќе спортски натпревари, а поединци биле освојувачи на највисоки спортски остварувања во Европа и светот, меѓу кои и олимписки медал. Во рамките на одбележувањето на Денот на СЕТУ „Михајло Пупин“, се одржува традиционалната штафетна трка „Куп на Михајло Пупин“. Победникот во трката се наградува со еднодневна екскурзија во Охрид.

Со цел да се поттикнува успехот на учениците, секоја година се избира и наградува ученик на генерацијата, а најдобриот клас на крајот од школувањето ја добива наградата патување во Белград со посета на музејот на „Никола Тесла“, како и посета на родното место и музејот на Михајло Пупин во Идвор.

Училиштето е учесник во низа проекти на кои учениците добиле повеќе награди и признанија. Со проектот „Да ги спасиме шумите“ во 2006 година училиштето ја освои првата награда – плакета, статуетка од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Секоја година учениците од „Михајло Пупин“ учествуваат на Образовниот саем – Образовно рандеву со свој штанд уреден со помош на спонзорите обезбедени од членовите на МЕТА и вработените на СЕТУ „Михајло Пупин“. Учениците од СЕТУ „Михајло Пупин“ учествуваат и во проектот „Ученици творци на сопственото здравје и животна средина на својот град“ организиран од град Скопје и невладината организација „Јувентас“.

Михајло Пупин е знаменит великан во областа на физиката и електрониката, научник и пронаоѓач од светски глас, кој дал особено придонеси во областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологија, а што е за нас од посебно значење – со семејно потекло од Македонија. Михајло Пупин е роден на 27 септември според стариот календар или на 9 октомври по новиот календар 1854 година во банатското место Идвор. Во родното место завршил Основно училиште, а потоа 5 класа Гимназија во Панчево на германски јазик, бидејќи тој крај се наоѓал под Австроунгарска власт.

Постигнувања

[уреди | уреди извор]

На крајот на секоја тековна година се сумираат резултатите кои се постигнати, со желба следната да биде поуспешна. Новинарската секција за крајот на оваа наставна година има задоволство да ви презентира дел од успесите кои беа постигнати од нашите ученици во текот на 2011/12 г.

Второ место со филмот " Паркур " во октомври 2011 г. на МАССУМ во Гостивар – Џевљан Јакупи, Димитар Капетанов, Стефан Велковски Прво место " Говорење " на албански јазик во октомври 2011 г. на МАССУМ во Гостивар – Грамоз Алији Прво место со WEB страна во април 2012 г. на МАССУМ во Струмица – Виктор Димитриевски Прво место со " Реклама " во април 2012 на МАССУМ во Струмица – Стефан Митров, Адис Тахири, Кристиан Цветковски, Дејан Ѓорѓиевски, Давор Дуковски и Дамјан Поповски

  1. Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
  2. www.skopje.gov.mk Архивирано на 4 март 2016 г., Основни податоци за средното училиште на Град Скопје „Михајло Пупин”

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]