Референдум за независност на Јужен Судан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Референдум за независност на Јужен Судан во 2011
Исход
Исход
Гласови %
За 3.792.518 &1000000000000988300000098,83%
Против 44.888 &100000000000001170000001,17%
Важечки гласови 3.837.406 &1000000000000996200000099,62%
Неважечки или празни гласови 14.588 &100000000000000380000000,38%
Вкупно гласови 3.851.994 100.00%
Гласачко тело/излезност 97.58%

Резултати по регион

Референдумот за независност на Јужен Судан започнал на 9 јануари 2011 година[1], и истиот завршил на 15 јануари 2011 година за осамостојување на тој дел од земјата. 90 % од гласачите од Судан гласале за одделување на Јужен Судан од Картум.

Референдумот ќе трае една недела и е дел од мировната спогодба од 2005 година со која била завршена дводецениската граѓанска војна во која загинале повеќе од два милиона луѓе[2]. Повеќе од 60 лица биле убиени во серијата судири во јужносуданскиот регион Абјеи.

За учество на референдумот биле регистрирани 3,9 милиони жители на Јужен Судан, но и претставници на малцинствата од Северот и на дијаспората. Претседателот на Судан Омар ал Башир изјавил дека ќе бил мошне разочаран доколку Северот и Југот се одвојат, но напоменал дека ќе ја почитува одлуката на жителите на Југот[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „First day of south Sudan referendum ends peacefully“. tehran times. Посетено на 2011-01-10.
  2. „Јужен Судан: Референдум за независност“. Посетено на 10 јануари 2011.
  3. „Во Јужен Судан се одржува референдум за независност“. Посетено на 10 јануари 2011.[мртва врска]