Ресул Шакири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ресул Шакири
Роден 10 ноември 1931(1931-11-10)(92 г.)
Сопотско, Кралство Југославија
Националност Албанец
Занимање општественик и државник

Ресул Шакири (10 ноември 1931 во Сопотско) — македонски комунистички деец, општественик и државник.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил гимназија, а потоа студирал на Филозофскиот факултет во Скопје.

Бил член на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ) од 1950 година, претседател на Општински комитет и член на Претседателството на Централниот комитет на Народната младина на Македонија, директор и главен и одговорен уредник на весникот „Флака е Влазримит“ (Flaka e Vellazerimit).

Исто така, бил член на Извршниот совет на Народна Република Македонија, член на Извршниот одбор на Републичката конференција на ССРНМ, член на Градскиот комитет на СКМ во Скопје и пратеник во Собранието на Социјалистичка Република Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шакири“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1644. Text "series " ignored (help)