Републички завод за здравствена заштита

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Републички завод за здравствена заштита
РЗЗЗ
Rzzz logo.jpg
Лого на бирото
Факти
Основана 1924¹
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Agency executive Др. Азис Положани (директор)
Матична агенција agency Министерство за здравство
Подружна агенција 10 заводи, 5 сектори со 26 одделенија
Мрежно место
rzzz.org.mk
Белешки
¹Како Хигиенски завод

Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) е институција на Република Македонија која има фунција заштита и превентива на населението од болести. Заводот е важна мултидисциплинарна, научна и наставна установа, која дејствува во областа на превентивната медицина во Македонија со тендеција да прерасне во референтна и меѓународно стручно призната институција. Оформена е во 1924 година под името Хигиенски завод, чија функција била заштита и унапредување на здравјето на луѓето. Формиран бил под покровителство на д-р Andrija Štampar[1] и со учество на Рокфелеровата фондација во Скопје. Оваа медицинска установа од превентивен карактер дејствувала во услови кога главно обележје на националната патологија во тој период биле заразните болести.

Организациона структура[уреди]

РЗЗЗ првостепено е поделен на Регионални заводи и сектори.

Регионални заводи[уреди]

РЗЗЗ се состои од 10 општински заводи, со кои се опфаќа целата територија на Македонија:

  • ЗЗЗ Битола
  • ЗЗЗ Велес
  • ЗЗЗ Кочани
  • ЗЗЗ Куманово
  • ЗЗЗ Охрид
  • ЗЗЗ Прилеп
  • ЗЗЗ Скопје
  • ЗЗЗ Струмица
  • ЗЗЗ Тетово
  • ЗЗЗ Штип

Сектори[уреди]

РЗЗЗ има 5 сектори и тоа:

  • Сектор за епидемиологија и микробиологија кој ја води, ја обединува и координира епидемиолошко-микробиолошката дејност во републиката и укажува стручно-методолошка помош. Составен е од 5 одделенија:

1. одделение за заразни болести,

2. одделение за тропски и карантински заболувања и СИДА,

3. одделение за вирусологија,

4. одделение за бактериологија и

5. одделение за паразитологија

  • Сектор за хигиена и заштита на човековата околина кој претставува статутарно определена организационо-техничка единица на Републичкиот завод за здравствена заштита. Стручната активност на овој сектор претставува основна карика на националната политика во областа на превентивно-медицинската, пред се здравствено-еколошката дејност во Македонија. Функционирањето на секторот се одвива преку следните организациони единици:

1. Одделение за радиациона дозиметрија

2. Одделение за хигиена на води и комунална хигиена

3. Одделение за испитување на здравствена исправност на водите

4. Одделенбие за хигиена на исхрана

5. Одделение за контрола на квалитет на прехрамбени производи

6. Одделение за контаминети и екотоксикологија

7. Одделение за испитување на здравствената исправност на предмените за општа употреба

8. Одделение за радиоекологија

9. Одделение за медицина на трудот

10. Одделение за храна и диететско советувалиште

  • Сектор за социјална медицина чија дејност е остварување на програмски, научно-истражувачки и воспитни активности. Се состои од 5 одделенија:

1. Одделение за организација, планирање и развој на здравствената дејност

2. Oдделение за здравствена статистика и информатика во здравството

3. Oдделение за здравствено воспитание, историја на медицината и публицистика

4. Oдделение за економика во здравствотo

5. Одделение за контрола и превенција на повреди и насилство

  • Сектор за контрола и испитување на лекови кој врши лабораториски испитувања (хемиски, микробиолошки и биолошки) на лекови, помошни лековити средства и медицински помагала. Составен е од 6 одделенија:

1. административен дел

2. одделение за регистрација

3. физико-хемиска лабораторија

4. биолошка лабораторија

5. микробиолошка лабораторија

6. биохемиска лабораторија

  • Сектор за правно и финансиско работење

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. en.wiki Andrija Štampar

Надворешни врски[уреди]