Македонско лекарско друштво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Македонско лекарско друштво

Лого на МЛД.
Кратенка МЛД
Основана 12.08.1945.
Тип стручна организација (невладина)
Седиште ул. Даме Груев бр.3
Место 1000 Скопје, Р. Македонија
Членство 4.490 лекари
Претседател д-р Јован Тофовски
Мреж. место http://www.mld.org.mk


Македонско лекарско друштво (МЛД) е основано во 1945. год. како Здружение на лекарите, стоматолозите и фармацевтите. Фармацевтите формирале посебно здружение од МЛД на 12 јули 1947., а стоматолозите на 10.06.200.4 година. Членството се состои од 4.490 лекари (08/2008) организирани во 22 подрачни и 70 специјалистички и субспецијалистички здруженија.

Мисија на МЛД е унапредувањето на медицинската и сродните науки, зачувување и унапредување на достоинството и угледот на лекарската професија, и заштита на интересите на лекарите. МЛД е главен носител на организираната континуирана медицинска образование (КМЕ) и континуиран професионален развој (КПР) во континуитет повеќе од 60 год. МЛД организирал 16 Конгреси на лекарите на РМ и 65 конгреси на специјалистичките здруженија од кои произлегле 12.077 рецензирани трудови.

МЛД бил иницијатор за формирањето на Лекарската комора на Македонија и Медицинска Академија при МЛД.

МЛД е добитник на повеќе награди: 11 Октомвриска , 13 Ноемвриска, Св. Климент Охридски и др.

МЛД е член на Светската медицинка асоцијација WMA, EFMA/WHO, Европскиот форум на лекарски асоцијации, SEEFMA Форумот на лекарските асоцијации од Југоисточна Европа, и повеќе од 40 меѓународни специјалистички асоцијации.

Надворешни врски[уреди]