Рексис крвавење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Рексис крварење(од старогрчки: ῥῆξις rhēxis, „кинење“, „прскање“) е медицински стручен поим за крварење како последица на раскинување на крвен сад.

Рексис крварењето обично се јавува како резултат на претходно постоечко оштетување на крвните садови. Кинењето на ѕидот на крвниот сад може да настане како резултат на артериска хипертензија (висок крвен притисок) или во контекст на артериосклероза (стврднување на артериите); или двете во комбинација може да доведат до кинење (руптура). Други претходни оштетувања како што се ангиитис (воспаление на крвните садови), згрутчување (тромбоза, првенствено синусна тромбоза) или аневризма (испакнување на ѕидот на крвен сад) може да доведат до руптура, а со тоа и до рексис крварење.