Разговор за категорија:Македонски народни песни

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Дали не се сите овие народни песни за на викиизвор на некој начин? Навистина заслужуваат статија некои (македонско девојче и некои преработени од леб и сол, со доволно информации)и, но зошто да не се за на викиизвор? Не може само стиховите на некоја песна да бидат статија, статија за песна треба да биде информации за песната, а стиховите само како надополнување. Сето она што е само со стихови а без информации на песната да биде префрлено на викиизвор (и можеме во категоријата за народни песни на Википедија да ставиме врска до категоријата на викиизвор за народни песни). Сепак многу народи имаат народни песни но ги нема на Википедија. Не им е тука местото (само како стихови, туку како статија со податоци за песната). -{админинстратор}- гитардемон 17:17, 14 мај 2009 (UTC)

Апсолутно да. На Википедија може да има песна но под услов да има тескт за песната, најмалку еден параграф. Сите други каде има само песна на Викиизвор одат.--MacedonianBoy 22:08, 14 мај 2009 (UTC)